4 совети за поставување граници во клучните аспекти од вашиот живот!

4 совети за поставување граници во клучните аспекти од вашиот живот!

Поставувањето граници е клучен елемент во вашите односи со другите и е ваша одговорност, бидејќи на тој начин луѓето ќе продолжат да го прават она што вие го дозволувате. Не заборавајте дека само вие можете да одлучите што е, а што не е дозволено во вашиот живот. Еве неколку техники кои можат да ви помогнат да поставите јасни граници во сето она што го правите.

4 совети за поставување граници во клучните аспекти од вашиот живот!

1. Ментално/емоционално здравје

Поставувањето граници во поглед на менталното/емоционалното здравје помага да се намалат чувствата на анксиозност и депресија. Луѓето нема да можат да ги поништат или омаловажат вашите мисли, чувства, верувања и мислења доколку се придржувате до нив.

2. Физички простор

Дефинирајте го личниот простор што прави да се чувствувате удобно. Ако луѓето ви се приближат премногу, вратете се два или три чекори назад. Можете внимателно да објасните дека ви треба малку повеќе простор за дишење и дека тоа не е поврзано со нив. Од друга страна, физичкиот допир може да биде непријатен за многумина. Во ред е да им споделите на другите дека не сакате да ве допираат и дека се надевате и верувате во тоа дека тие можат да го почитуваат вашиот простор.

3. Граници за работа/живот

Поставете ги вашите граници во поглед на работата, а потоа држете се до нив. Направете го вашиот дневен распоред, кога ќе се вклучувате и исклучувате од компјутерот и одлучете дали ќе работите за време на викендите. Исклучете ги известувањата за работа на телефонот и лаптопот кога би требало да сте „надвор од канцеларијата“. Ако ви следува одмор, не заборавајте да го земете. Имајте на ум дека ако вие ги прекршувате вашите граници, тоа ќе го направат и другите.

4. Односи со другите

Поставувањето граници во секој аспект од животот е од суштинско значење. Бидете јасни и транспарентни во однос на вашите очекувања од времето поминато со вашиот партнер. На пример, колку често сакате да организирате заедничка вечера, кои активности сакате да ги споделите или како треба да го поминувате времето за одмор? Колку сте појасни, толку помалку ќе наидете на конфликти и незадоволство.

Откако ги прочитавте овие техники за поставување граници во односите со другите, можеби ќе сакате да прочитате и како да не ги пречекорите сопствените граници.

Извор: themindsjournal.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар