4 совети за нега на вашето срце ако морате да го гледате бившиот партнер секој ден

4 совети за нега на вашето срце ако морате да го гледате бившиот партнер секој ден

Ајде да го замислиме следново сценарио: веќе сте направиле чекор напред во вашата љубовна врска и сте се вселиле заедно со партнерот. Можеби сте во врска со некој колега или колешка од работа или заедно ги учите испитите со вашата љубов од „факс“, но после извесно време работите тргнале наопаку. Што се случува кога работите не се случуваат како што сте планирале, а сепак сѐ уште морате да се гледате со вашите бивши секој ден?

Нека не ве фаќа паника и без грижи. Според експертот за разделби Кејт Галт, има начин да се надмине секое раскинување.

4 совети за нега на вашето срце, ако морате да го гледате бившиот партнер секој ден

Нејзиното мото е всушност дека „вашето моментално раскинување е подарок“. Без разлика дали моментално го процесирате вашиот гнев или ги собирате парчињата од вашето скршено срце, доколку го гледате бившиот партнер секој ден, веројатно навидум ви изгледа дека е невозможно да се справите со разделбата, но не е така.

Најважните работи со кои можете да се заштитите себеси кога станува збор за надминување на комплицираните разделби од овој тип се трпение, благодарност и грижа кон себе. Дури и ако работите делуваат тешко во моментот, мора да се фокусирате на надминувањето на болката од разделбата и да посветувате повеќе грижа кон самите себе. Имајте на ум дека нема да се чувствувате ужасно засекогаш, дури и ако биде лошо некое време. Знајте дека никогаш не сте сами на светот кога станува збор за тагата од скршено срце. Пробајте ги следниве предлози во ситуациите кога работите изгледаат претешки за поднесување, бидејќи вие можете.

Соберете ја вашата група за поддршка

Кога станува збор за разделби, првиот предлог на Галт е да ги соберете сите блиски луѓе за поддршка. Обратете им се на сите кои ги разбираат вашите емоции и размислувања. Без разлика дали е тоа вашата мајка, сестра, најдобрите пријатели, колеги, цимери или сите заедно, ова се луѓето на кои треба да се потпрете кога се чувствувате преплавени од емоции. Бидејќи е тешко да се навикнете да не зборувате често со вашите бивши како што сте го правеле тоа претходно, практикувајте допишување со вашите пријатели за да ја надополните таа празнина. На пример, доколку ви треба помош околу вашата работа, обратете се кон вашите пријатели или цимери, наместо кон бившиот партнер.

Размислувајте како да го проширите вашиот систем на поддршка на самото место каде што секојдневно го гледате вашиот партнер. Тоа може и да значи дека треба да му објасните на вашиот професор дека сте се разделиле со вашиот партнер и дека имате потреба да се преместите во друга предавална или пак, да побарате шефот да ве стави на проект со некој друг колега од работа. Голема е веројатноста дека тие ќе пристапат кон вас со разбирање и ќе ги направат потребните промени. Нешто едноставно како промена на местото на седење каде што нема да имате близок контакт со вашиот бивш партнер многу би ви помогнало во надминувањето. Доколку сте колеги на работа, можете да зборувате со вашиот менаџер и да побарате да ве преместат или да работите во други временски рамки. Луѓето најчесто сакаат да помагаат и се флексибилни доколку им објасните што се случува.

Применете грижа кон себе

„Создадете си идеална секојдневна рутина со помош на која ќе си посветите грижа и внимание себеси, а на неа ќе се потпирате секојпат кога работите ќе станат неочекувано тешки“, кажува Галт. Доколку немате како да го избегнете вашиот бивш партнер или партнерка, бидејќи работите на исто место од 9 до 17 часот, ослободете се од чувството на стегнатост барем во моментите кога сте сами.

На пример, доколку немате многу простор да бидете сами дома, пробајте да се посветите на некое хоби кое ќе ве опушта и ќе ви служи како излез кога ќе ви надојдат прејаки емоции. Новото хоби би можело да биде секојдневно пешачење, џогирање или зачленување во некоја група на читатели. Доколку се гледате со бившиот на работа, погрижете се да си обезбедите повеќе внимание и чувство на емоционална безбедност, во рамките на вашиот дом и во вашата рутина.

Грижата за себе, според Галт, може да ви послужи како ваша комфор-зона кога работите ќе бидат прилично комплицирани. Грижата која ќе си ја посветите е различна за секого. Зависи од вашите лични потреби и преференции, со тоа што можеби ќе имате прекумерна потреба да перете алишта или да си ја средувате и чистите собата. Можеби ова ќе значи дека конечно ќе ги додадете тие уметнички дела на ѕидот, кои одамна ги меркате, а ќе го направат просторот во којшто влегувате секој ден да го чувствувате повеќе како свој дом. Може и да биде едноставна рутина како што е туширањето или миењето заби во исто време секој ден, за да си направите некоја шема. Кога ви изгледа дека вашиот живот се срушил и сакате да се чувствувате нормално како и пред разделбата, имањето добро поставени шеми ќе ви донесе олеснување во текот на денот.

4 совети за нега на вашето срце, ако морате да го гледате бившиот партнер секој ден

Разгледајте ги вашите опции

„Имањето простор е клучно за надминување на раскинувањето“, вели Галт. Доколку го гледате вашиот бивш партнер секој ден, не се обвинувајте себеси за одлуките што сте ги направиле во минатото и ве довеле до ситуацијата во којашто сте сега. Животот е флуиден и ситуациите секојдневно се менуваат, а и разделбите помеѓу партнерите се честа појава. Вие сте направиле одлука која своевремено сте ја сметале за правилна и треба да бидете горди поради тоа.

Најдоброто нешто што можете да го направите за себе после разделбата, е да бидете нежни кон себеси и да си ги средувате работите една по една. Кога болката од разделбата малку ќе се намали, седнете со некој близок пријател и размислете за начини на кои би можеле да добиете повеќе простор од вашите бивши. Доколку разделбата не ви била толку лоша, пробајте да седнете со вашиот бивш партнер и да си ги разгледате опциите за да поминувате што помалку време заедно. И двајцата можете да работите со заеднички сили за полесно да ја надминете разделбата. Но доколку сте во лош однос после разделбата, мора да зборувате со него/неа дека ви е потребен повеќе простор и тие мораат да ги почитуваат вашите граници и методи на залечување на раните.

Дајте си повеќе време

„Времето ги лечи сите рани“, вели Галт. Дури и ако гледате некого секој ден, со тек на време нема да чувствувате толкава болка како што чувствувате во моментов. Лошите спомени можеби ќе останат со вас уште долго, но ќе увидите дека е возможно повторно да се чувствувате добро и нормално и да го надминете тоа. Доколку ви е тешко и не можете да поднесете дека вие и вашиот претходен партнер секој ден имате предавања заедно, сетете се дека тие часови нема вечно да траат, бидејќи некогаш ќе дојде денот на вашето дипломирање. Ќе му дојде крајот на заробеништвото што го чувствувате. Ќе дојде време кога нема да ја гледате таа личност често. Грижата и нежноста кон самите себеси е најголем успех кога чувствувате дека вашето срце е скршено на милион парчиња.

Сетете се дека не сте сами во светот со оваа болка. Не е лесно да се изгуби љубовта. Раните на срцето тешко зараснуваат, но зараснуваат. Се надеваме дека овие совети ќе ве донесат во состојба каде ќе се чувствувате подобро и работите ќе ви изгледаат подобро. Дури и доколку не ви се чини така во моментот, знајте дека сѐ ќе биде добро понатака.

Погледнете и кои се работите коишто луѓето ги откриваат за себе после тешко раскинување.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар