4 ситуации во кои љубовта не се исплати

4 ситуации во кои љубовта не се исплати

Некои парови успеваат да ги надминат проблемите и да продолжат заедно, но во некои врски едноставно не се исплати и понатаму да се продолжи да се вложува.

4 ситуации во кои љубовта не се исплати

1. Врска на далечина

Ниту една врска на далечина не е лесна, а особено онаа во која не постои точно одреден датум кога нешто ќе се промени по тоа прашање. Како да правите планови за во иднина, кога не знаете ни дали тогаш вие би биле на исто место на Земјината топка?!

2. Посветеност на кариерата

Ако едниот од вас е во целост посветен на кариерата, тоа значи дека за него партнерот секогаш ќе доаѓа на второ место. Воопшто не е лошо да имате ваква цел пред вас, но вашиот заеднички однос и тоа како може да трпи ако другата личност не може да ви ја пружи потребната поддршка.

3. Идеолошки некомпатибилности

Тој можеби сака деца што поскоро, а таа едноставно смета дека има поважни работи во моментов. Можеби е во прашање и различна религија или само поинаков поглед на тоа како животот би требало да изгледа во иднина. Како и да е, кога сте на различни страници околу толку важни и големи работи, мали се шансите за заеднички успех.

4. Несигурност

Несигурноста е една од главните причини за уништување на врските, како на пример сомнежот дека едниот постојано нешто го лаже другиот. Ако едниот од партнерите не работи доволно на себе, ништо што другиот ќе каже нема да може да ги смири тие стравови и сомнежи. Исто така нема само да едната страна да се измори од постојаното сомневање, туку и другата, бидејќи партнерот постојано ќе мора да ги исцрпува сите факти за да му докаже дека греши и да ги оправдува своите постапки.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар