4 ситуации во кои љубовта едноставно не е доволна
Повеќето од нас пораснале со приказните дека љубовта може да ги победи сите неволји и дека кога постојат чувства ништо друго не е важно. Меѓутоа, реалноста е многу поинаква. Секако дека постојат среќни краеви, на факт е дека потребно е да се вложат многу други работи покрај љубовта за една врска да може да потрае. Ова се неколкуте ситуации во кои љубовта едноставно не е доволна…
1. Ве сака, но не може да ви биде верен
Иако тој цело време ви се враќа и тврди дека навистина ве сака, едноставно не може да одолее на неверствата! Верувале или не, многу е веројатно дека тој не лаже кога ве уверува дека она што го чувствува е љубов, но некои луѓе едноставно не можат да бидат верни на една личност. Без оглед на тоа што ви ветува и се колне во неговата љубов, најдобро е да ставите крај, затоа што кога еднаш ќе се наруши довербата во врската, не постои спас.
2. Сакате различни работи
Тој сака семејство и свадба што поскоро, а за вас тоа претставува далечна иднина. Тој сака да живеете во странство, но вие би сакале да останете дома каде што ви се сите блиски и каде што можете да го работите она што го сакате. За жал, љубовта не е решение кога партнерите навистина посакуваат различни работи. Иако постојат компромиси, тешко е дека тие ќе ги задоволат сите ваши потреби.
3. Неговото или вашето семејство е против вашата врска
Колку и да инсистирате дека надворешните влијанија и туѓите мислења не се важни и дека најважно е што се сакате, вистината е сосема поинаква! Мислењето на вашите родители и на луѓето кои се грижат за вас и тоа како е важно! Без поддршката од вашите најблиски, тешко дека вашата врска ќе успее. Да не се лажеме, вашиот сакан не е принц од бајките, а вашите најблиски ви се потребни како за поддршка, така и за совет и нормално функционирање.
4. Кога тој е премногу млад или стар
Иако можеби ќе чуете дека љубовта не знае за години, треба да се соочите со реалноста и да признаете дека не треба да се оди во крајности! Без разлика колку се сакате, премногу несериозно момче сигурно нема да ги исполни сите ваши очекувања, исто како што премногу постар партнер постојано ќе ве кочи. Секако дека годините не треба да бидат главен критериум, но бидете реални и не дозволувајте поради одредени чувства да стагнирате во животот и да бидете несреќни.