4 сигурни знаци дека вашиот партнер ве изневерува
Секоја љубовна врска има убави моменти во кои уживате, но и лоши моменти со кои мора да научите да се соочите со цел да ги пребродите непријатностите. Стабилниот однос и добрата комуникација се едни од најважните компоненти кои ја обезбедуваат функционалноста на врската, а тука се вбројува и довербата. Ако нема доверба тогаш нема ниту љубов, а во оној момент кога ќе заигра сомнежот, забележете ги овие 4 промени во однесувањето на вашите партнери и откријте дали тие ве изневеруваат.
1. Изговори
Секогаш имаат добро оправдување зошто ја пропуштиле средбата која сте ја договориле. Морале подолго да се задржат на работа, требало да се видат со пријателите, итно им закажале бизнис состанок надвор од градот… Листата може да биде бесконечна. Запомнете: Само лагите имаат детали.
2. Префрлање на вината
После изговорите следи префрлување на вината. Тие ќе инсистираат дека вие сте оние кои обрнуваат помалку внимание на нив и нивните потреби, иако вистината е сосема спротивна. На почетокот ќе ви ги исполнуваат сите желби, бидејќи ќе се чувствуваат виновно, но откако ќе го прифатат фактот дека можат да си поиграат со вашите чувства и да се извлечат со тоа, ќе почнат постепено да го губат интересот и да ве занемаруваат.
3. Одвлекување на вниманието
Наместо да го насочат нивното внимание кон пронаоѓање на соодветно решение, тие се фокусираат на нешто друго. Поминуваат повеќе време на интернет, прават подолги телефонски разговори во другата соба, почесто и ненадејно излегуваат… Кога ќе се обидете да се соочите со нив, се однесуваат агресивно и навредено. Но, внимавајте, ова е само нивниот одбранбен механизам.
4. Негирање
Ова е нивниот прв потег кога ќе избувне некоја расправија: Го негираат сè она за коешто ќе ги обвините. Решението е едноставно. Обидете се да соберете доволно докази дека станува збор за неверство и потоа претставете го вашиот случај. Дури и боговите молчат пред фактите.