4 семиња одлични за жените над 45 години

4 семиња одлични за жените над 45 години

Семињата се одличен извор на витамини и протеини, но и на минерали и масла. Имаат многу лековити својства, па особено им се препорачуваат на жените постари од 45 години. Доколку сте во доцните 40-ти, следниве семиња ќе ви помогнат да го избегнете стареењето на кожата и коските и да го задржите здравјето.

4 семиња одлични за жените над 45 години

1. Чиа семе

Чиа семето има повеќе омега 3 масни киселини дури и од лососот. Содржи антиоксиданси, а само 2 лажици од семето имаат 18% калциум и 4 грама протеин. Чиа семето има ниско количество холестерол и натриум, а изобилува со хранливи влакна, калциум, фосфор, магнезиум, бакар, калиум, манган, железо и цинк.

2. Ленено семе

Лененото семе содржи омега 3 масни киселини, антиоксиданси, витамини и минерали. Богато е со витамин Б и магнезиум. Помага во подмладување на кожата, го подобрува варењето и го намалува вишокот килограми.

3. Сусам

Семето од сусам е одличен извор на протеини, калциум и магнезиум. Во 100 грама сусам се наоѓа фолна киселина, неопходна за телото на една жена. 2 лажици сусам ќе ги зајакнат вашите коски и зглобови, а истовремено ќе ја намалат и вашата желба за слатко. Сусамот е одличен во борбата против многу болести и го подобрува целокупното здравје.

4. Киноа

Киноата содржи 9 есенцијални протеини, витамини, аминокиселини, ензими и важни минерали. Таа е одлична замена за месо, бидејќи содржи и протеини. Помага во опуштањето на мускулите на телото и крвните садови, но помага и во борбата против ракот, дијабетесот и микробите.

Овие семиња ќе ги намалат или спречат симптомите на менопауза. Тие ги спречуваат кардиоваскуларните болести, стареењето на кожата и коските, а ги зајакнуваат косата и ноктите.

Пред употреба, семето треба да се потопи во вода 3 до 7 часа. Потоа измешајте го со овошје или јогурт и консумирајте го секој ден. За да ги почувствувате придобивките, секој ден јадете по 2 лажици од едно од семињата.

Погледнете и како правилно да користите некои видови семиња.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар