4 самодеструктивни навики кои треба да престанете да ги практикувате
Сите имаме одредени самодеструктивни тенденции кои живеат во нашите мисли, а кои можат да ни стојат на патот кон успехот, среќата и задоволството. Таков е примерот со следните 4 работи кои треба да престанеме да ги правиме за да ставиме точка на самодеструктивниот циклус и да го обезбедиме вистинскиот пат кој гарантирано носи добри резултати.
1. Емоционално јадење, трошење и консумирање алкохол
Трошењето на парите купувајќи работи кои не ви се потребни или консумирањето алкохол за подобро да се соочите со тешките периоди, може да направи да се чувствувате подобро само на кратко време. Дури, понекогаш може да доведе до уште посериозни проблеми кои можат да го влошат здравјето и финансиската состојба. Многу е подобро, во секој поглед, да го стимулирате хормонот на среќа со помош на физичката активност како што се брзите прошетки.
2. Одбивање на другите личности од себе
Кога имате самодеструктивни навики и тенденции, тогаш правите работи на кои не сте горди. Во овие периоди ви изгледа нормално да ги одбивате луѓето за кои ви е грижа од себе, како што се семејството и пријателите, бидејќи не сакате да ве гледаат во таква состојба. Но, тие веќе ги знаат сите ваши слабости и силни страни и ќе дадат сѐ од себе за да ве разберат и да ви помогнат. Дури и кога мислите дека е потребно да се дистанцирате, немојте да го правите тоа и прифатете ја нивната поддршка бидејќи таа е најважна.
3. Задржување на очајот
Кога сѐ ќе тргне во погрешна насока, тогаш е лесно да го задржите и прифатите очајот во себе. Но, природно, тоа само го одржува континуитетот на лошите емоции и доведува до уште поголема беспомошност. Пронаоѓањето на пријателскиот глас во себе е еден од најдобрите начини повторно да се вратите во игра и да се обидете да ги составите работите. Грешките се случуваат. Понекогаш дури и се повторуваат. Но, во никој случај нема смисла да се нервирате за тоа. Единственото нешто што можете да го направите е да ја извлечете поуката од нив.
4. Дозволување стравот да ја спречи среќата
Стравот може да биде еден од најголемите причинители за самодеструктивното однесување. Стравот вели дека не можете ништо да постигнете или да промените. Меѓутоа, постојат и добри вести. Соочувањето со стравовите носи личен развој и среќа. На крајот, ќе гледате како неговата тежина полека исчезнува од вашите рамена. Кога еднаш тоа ќе го направите, ќе ви биде јасно колку сте всушност силни.