4 салати со варени јајца кои добро ќе ве најадат

4 салати со варени јајца кои добро ќе ве најадат

Јајцата се извонредна храна која треба почесто да се консумира. Еве четири интересни начини да приготвите вкусен оброк со нив и уште почесто да ги имате на вашето мени.

4 салати со варени јајца кои добро ќе ве најадат

1. Салата со јајца, сланина и сирење

Потребни состојки за 4 лица:
  • 3 лажици густо кисело млеко или павлака
  • 3 лажици нискомаслен мајонез
  • 1/4 лажичка лук во прав
  • 1/4 лажичка црн пипер
  • 1/8 лажичка сол
  • 8 варени јајца
  • едно презреано авокадо, исечкано на коцки
  • 2 парчиња сланина, испржени и ситно исечкани
  • 30 грама сирење
Начин на подготовка:

Во сад измешајте ги киселото млеко, мајонезот, лукот во прав, црниот пипер и солта. Јајцата исечете ги на половини и одвојте ги жолчките од белките. Потоа додајте ги во садот со другите состојки и пасирајте додека ја добиете смесата која ја посакувате. Полека додајте ги и авокадото, сланината и сирењето додека пасирате.

4 салати со варени јајца кои добро ќе ве најадат

2. Салата со јајца и зеленчук

Потребни состојки за 4 лица:
  • 3 лажици густо кисело млеко или павлака
  • 3 лажици нискомаслен мајонез
  • 1/4 лажичка црн пипер
  • 1/8 лажичка сол
  • 8 варени јајца
  • 25 грама ситно сечкан морков
  • 75 грама ситно сечкана краставица
  • 25 грама ситно сечкан млад кромид
Начин на подготовка:

Во сад измешајте ги киселото млеко, мајонезот, солта и црниот пипер. Јајцата исечете ги на половини и одвојте ги жолчките од белките. Потоа додајте ги во садот со другите состојки и пасирајте додека ја добиете смесата која ја посакувате. Додајте ги и морковите, младиот кромид и краставицата.

4 салати со варени јајца кои добро ќе ве најадат

3. Слатка салата со јајца

Потребни состојки за 4 лица:
  • 3 лажици густо кисело млеко или павлака
  • 3 лажици нискомаслен мајонез
  • 2 лажици сенф
  • 1/4 лажичка црн пипер
  • 1/8 лажичка сол
  • 8 варени јајца
  • 120 грама сечкан целер
  • 40 грама сечкани кисели краставички
  • 3 лажици ситно сечкан сладок кромид
Начин на подготовка:

Во сад измешајте ги киселото млеко, мајонезот, солта и црниот пипер. Јајцата исечете ги на половини и одвојте ги жолчките од белките. Потоа додајте ги во садот со другите состојки и пасирајте додека ја добиете смесата која ја посакувате. Потоа додајте ги и целерот, слаткиот кромид и киселите краставички.

4 салати со варени јајца кои добро ќе ве најадат

4. Салата Нисоаз

Потребни состојки за 4 лица:
  • 3 лажици густо кисело млеко или павлака
  • 3 лажици нискомаслен мајонез
  • 2 лажици ситно сечкан црвен кромид
  • 2 лажици вински оцет
  • 1/4 лажичка црн пипер
  • 1/8 лажичка сол
  • 8 варени јајца
  • 150 грама туна во парчиња
  • 225 грама грав (по можност зелен)
  • 3 лажици исечкани маслинки
Начин на подготовка:

Во сад измешајте ги киселото млеко, мајонезот, црвениот кромид, оцетот, солта и црниот пипер. Јајцата исечете ги на половини и одвојте ги жолчките од белките. Потоа додајте ги во садот со другите состојки и пасирајте додека ја добиете смесата која ја посакувате. На крајот додадете ги и туната, гравот и маслинките.

4 салати со варени јајца кои добро ќе ве најадат

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар