Постојат 4 различни категории парови: Каде припаѓате вие?

Постојат 4 различни категории парови: Каде припаѓате вие?

Сигурно некогаш сте ги правеле тестовите на Интернет за тоа каков партнер ви одговара или какви сте вие кога сте во врска, кои ве ставаат во различни категории. Тие можат да бидат забавни, но најчесто немаат допир со реалноста.

4 различни категории на парови: каде припаѓате вие?

Но, три научници, експерти за љубовни врски решиле да направат истражување на преку 400 парови, за да откријат како тие гледаат на нивната врска и како размислуваат на темата брак. Тие секој пар го „надгледувале“ 9 месеци. Секако не ги надгледувале директно, туку едноставно секој ден ги прашувале одредени прашања и од нив барале да водат сметка за нивните чувства и посветеност. По девет месеци, научниците ги собрале одговорите од сите парови и почнале темелно да истражуваат. Тие откриле дека паровите навистина имаат тенденција да припаѓаат кон една од овие четири категории.

1. Конфликтни, но страствени

4 различни категории на парови: каде припаѓате вие?

За овие парови Фејсбук ја измисли опцијата „комплицирано“ за статусот на љубовната врска. Нивните нивоа на посветеност се креваат и спуштаат, особено после караница. Но, ова не мора да значи дека е лошо. Тие ги користат овие конфликти како помош за да донесат некои одлуки за врската и всушност овие парови не раскинуваат почесто од другите категории.

Како бонус, сите падови во врската се проследени со страствени помирувања. Во конфликтните ситуации, тензијата ги разделува, додека страсната привлечност ги држи заедно.

2. Фокусирани на партнерот

4 различни категории на парови: каде припаѓате вие?

Ако вашата идеја за совршена вечер е долга прошетка и 8-часовен филмски маратон после тоа, тогаш вие спаѓате во оваа категорија. Овие парови поминуваат долго време заедно и делат заеднички хобија или активности во слободното време и токму ова заедничко време ги турка кон напред. Тие се многу внимателни за одлуките поврзани со врската и се најзадоволни од сите четири категории.

3. „Социјални пеперутки“

4 различни категории на парови: каде припаѓате вие?

Од друга страна, ако за вас и вашиот партнер совршена вечер би била да ги соберете сите пријатели и да поминете неколку различни барови и ноќни клубови, тогаш оваа категорија најдобро ве опишува. Овие парови често делат иста група пријатели и го користат времето поминато со пријателите да ја изградат и зацврстат нивната врска како пар. Заедничките пријатели ги прават луѓето кои се наоѓаат во врска да се чувствуваат поблиски еден со друг. Тие имаат стабилна врска и љубов која се базира на пријателството помеѓу нив, што може да биде индикатор за долгорочна среќа и благосостојба.

4. Драматични

4 различни категории на парови: каде припаѓате вие?

За жал, не е лесен патот на сите парови. Нештата можат да започнат добро, но за драматичните парови набргу се менуваат во лоша насока. Овие парови носат одлуки врз база на негативни искуства или нешта неповрзани со нивната врска. Токму затоа и имаат многу подеми и падови, а истовремено се менува нивната посветеност, како и грижата еден за друг. Тие почнуваат да гледаат како многу мали нешта не се во ред, а потоа негативно почнуваат да гледаат на целата врска и набрзо се откажуваат. Оттука не е изненадување што драматичните парови најмногу раскинуваат, дури два пати повеќе од другите парови.

Па, која категорија е најдобра? Токму тоа е разликата од останатите тестови на интернет. Одговорот е дека не постои „најдобра“ врска. Различни парови различно функционираат. Постојат различни патиштата на љубовта и би било грешка ако сакаме да го опишеме најдобриот начин да сакате некого.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар