4 работи кои треба да ги запомните кога мислите дека вашиот живот е уништен

4 работи кои треба да ги запомните кога мислите дека вашиот живот е уништен

Се случува нешто навистина чудно кога од деца стануваме адолесценти, а потоа возрасни. Детето кое еднаш немало никакви грижи и кое можело да ги помине сите пречки се менува многу кога расте.

4-raboti-koi-treba-da-gi-zapomnete-koga-mislite-deka-vashiot-zhivot-e-unishten-kafepauza.mk

Изгледа дека само што влегуваме во „тинејџерски“ години, почнуваат проблемите. Чувствуваме стрес, се грижиме, се плашиме и сме опседнати со некои работи. Почнуваме да анализираме, и тоа премногу. Можете да кажете дека животот станува потежок со текот на годините. Имаме повеќе одговорности, сметки кои треба да се платат, деца за кои треба да се грижиме и врски кои треба да се одржуваат. Но дали стресот е навистина природен? Дали навистина има потреба толку многу да се грижиме за сè? Во продолжение прочитајте ги 4-те причини кои ќе ви докажат дека никогаш не можете да го уништите вашиот живот.

1. Еден е сите, и сите се еден

Постои само едно нешто кое постои. Од ова постоење се родени сите други нешта. Наречете го Бог, универзум, изворна енергија или свест, но кога ќе сфатите дека сите сме манифестација од тоа едно нешто ќе ви стане јасно дека не можете да застраните од „божествениот ред“. Вашиот пат можеби нема да биде лесен, но сето она што се случило, се случило со причина. По некое време можеби ќе ви биде јасно зошто се случило тоа, а може и никогаш нема да дознаете. Но кога ќе бидете свесни за ова ќе знаете дека никогаш нема да тргнете по погрешен пат.

2. Универзумот е добродушен, со намери и самиот се поправа

Дали некогаш сте размислувале за совршеноста на постоењето? На луѓето им е потребен кислород, и постојат дрвја кои го произведуваат тој кислород. На дрвјата им е потребна сончева светлина и го имаат токму тоа. Ги имаме сите „алати“ кои ни се потребни за да создадеме нов живот. Кога ќе ја согледате совршената хармонија на светот околу вас, ќе сфатите дека животот и не е толку случаен. Иако ова е лесно да се забележи во природата, може да биде речиси невидливо во модерниот секојдневен живот. Помислете на сите моменти кога сте сметале дека вашиот живот бил завршен, дека сте биле уништени или кога вашето срце било скршено. Зарем не сте го надминале сето тоа? Сте пронашле нови авантури, нов партнер, ново работно место… Универзумот самиот се поправа, тој ве поддржува и ве води.

3. Еден ден ќе умрете

Ова звучи навистина морбидно, но еден ден вашето физичко тело, вашите грижи и проблеми ќе ги снема, па можеби сето ова не е ни реално. Нам ни изгледа премногу реално и навистина ги чувствуваме стресот и стравот. Но универзумот постои многу подолго отколку што нашиот ум може да сфати, па 100-те години живот се речиси ништо во споредба со животот на универзумот. Кога ќе ја погледнете големата слика, ќе сфатите дека и не треба толку многу да се грижите. Можеби ова ќе ви помогне да не се задлабочувате толку многу во секојдневните проблеми и грижи кои ви ги создава вашиот ум.

4. Безусловната љубов е крајната вистина

Колку посвесни стануваме, толку повеќе сознаваме дека безусловната љубов е единствената вистина на постоењето. Ние минуваме години и години судејќи се себеси, судејќи ги другите, плашејќи се од ситуации и емоции, само за да дојдеме до заклучок дека и покрај сè, ние сме сакани. Штом ќе почнеме да се сакаме себеси, ќе ни биде полесно да се ослободиме од нашето его. Кога ќе знаете дека сте сакани, ќе сфатите дека не можете да го уништите вашиот живот бидејќи секогаш постои начин за надминување на проблемите. Всушност вие сте битие кое дошло овде да ја одигра својата улога и кое често се соочува со катастрофа. Секоја катастрофа само ви помага да се сакате уште повеќе без разлика на вашите емоции. Љубовта е крајната вистина, а тоа значи дека не можете да погрешите дури и кога мислите дека тоа ќе се случи.

Кога сте соочени со големи предизвици, прочитајте ги овие моќни цитати.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар