4 работи кои модерните момци ги очекуваат од девојката на првиот љубовен состанок
Првите неколку љубовни состаноци се онаа фаза од врската кога не ни е баш пријатно да кажеме сè што очекуваме од другата личност, најчесто затоа што се плашиме дека ќе бидеме оценети како несоодветни за врска. Сепак, сите многу добро знаеме што точно сакаме, па така сега момците откриваат што очекуваат од девојките, а немаат храброст да го кажат гласно. Ќе се изненадите, но ни една од тие работи не е поврзана со сексот. Ова се 4-те најважни работи кои се пресудни за тоа дали ќе дојде до втор љубовен состанок…
1. Да им се јават први
Некои момци се ловци и сакаат сè да направат сами, но на поголемиот дел сепак ќе им падне камен од срце доколку девојката преземе иницијатива. Девојката која се јавува прва понекогаш може да делува нападно, но сепак момците сакаат и тие да завршат дел од работата. Не чекајте секогаш тој да го направи првиот чекор бидејќи верувајте дека и тој се чувствува исто толку несигурно колку и вие, без разлика што делува толку самоуверено.
2. Да им поставуваат прашања
Една од најчестите работи на кои момците се жалат е фактот што девојките не се трудат околу нив онолку колку што тие би сакале. Тие ги испитуваат девојките за секакви ситници, додека девојките се поповлечени и мислат дека ќе мораат само да одговараат на прашања. Ако досега сте биле една од тие кои се плашат да прашаат нешто затоа што мислат дека ќе изгледаат премногу љубопитно, знајте дека момците сакаат прашања. Покажете дека сте заинтересирани за него и прашувајте го за некои секојдневни работи. Секако одбегнувајте ги прашањата за поранешните врски, барем на првите состаноци.
3. Да покажат интерес за работите што му значат
Нормално дека не треба да се преправате дека ве интересира фудбал, ако не ве интересира навистина, но момците велат дека девојките честопати ги игнорираат нивните страсти и хобија. Поставете му две-три прашања за она што го прави во слободното време и ќе добиете бонус поени.
4. Да остават тој да ја плати сметката
Ова им е многу важно, не затоа што не веруваат во еманципација на жената туку затоа што сакаат да испаднат кавалери. Нормално, сакаат прво и девојките да се фатат за паричникот и да покажат дека се подготвени да платат, но на крајот сепак сакаат да се држат до традиционалните принципи и да платат тие. После првите неколку љубовни состаноци сосема е во ред да ја поделите сметката, а одвреме-навреме добро е да покажете дека и вие сте спремни да го почестите.