4 работи кои многу менаџери не ги знаат за своите вработени

4 работи кои многу менаџери не ги знаат за своите вработени

Работната средина во една компанија е од особено значење. Доколку атмосферата не е пријатна, тоа може да се одрази на многу аспекти, како кај индивидуалната личност, така и кај компанијата во целина. Иако постојат менаџери кои се добри и знаат како да се однесуваат со вработените, сепак, секогаш има нешто повеќе за да се научи, со цел да се зголеми продуктивноста кај вработените. Еве четири работи кои многу менаџери не ги знаат за своите вработени, а кои може да им донесат голема корист.

4 работи кои многу менаџери не ги знаат за своите вработени

1. Секогаш може да се направи подобра работна средина

Добрата работна средина е важна за вработените да останат лојални и мотивирани, а значително влијае и на нивната продуктивност. Секогаш постојат некои нови начини кои може ги подобрат работите, без разлика дали е тоа замена на работната опрема, создавање нови тимови за работа и слично. Многу е важно да им се покаже на вработените дека се ценат нивните предлози и забелешки.

2. Вработените учат на различни начини

Во зависност од тоа колку луѓе постојат во компанијата, не може секогаш да се утврди кој е најдобриот начин за тие да научат нешто. Затоа, потребно е на работното место да се вклучат повеќе различни стилови на учење. На пример, една обука може да биде спроведена визуелно, аудио, на писмен начин и слично, со што ќе им се овозможи на вработените да го изберат начинот кој повеќе им одговара. Исто така начините треба да се приспособат и на видот на работното место.

4 работи кои многу менаџери не ги знаат за своите вработени

3. Вработените имаат одреден дел од денот кога се попродуктивни

Зголемената продуктивност е важен чекор за да се исполнат зададените рокови и цели. Познавањето кога вработените се најпродуктивни, на менаџерите може да им помогне подобро да ги разберат, да ги искористат нивните потенцијали и притоа да имаат поефикасна работна средина. Некои се попродуктивни наутро, додека пак други подоцна, во средината на работниот ден. Па, врз основа на ова, менаџерите подобро ќе може да направат распоред за вработените и да им доделат задачи во зависност од тоа кога тие се најпродуктивни.

4. Вработените губат време во периодот додека траат работните часови

Дури и најдобрите вработени понекогаш трошат слободно време на работата. Тие разговараат со своите колеги, но исто така понекогаш своите компјутери ги користат за Фејсбук или Твитер, а за ова им служат и нивните паметни телефони. Речиси невозможно е да се отстрани губењето време во периодот додека траат работните часови, но тоа со сигурност може да се намали. Колку повеќе менаџерите знаат за своите вработени, толку тие ќе бидат попродуктивни и ќе имаат подобра работна средина. Отворената комуникација, меѓусебната почит и разбирање ќе донесат многу попријатна атмосфера на работното место.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар