4 работи кои доаѓаат од срцето и кои никогаш не треба да се игнорираат

4 работи кои доаѓаат од срцето и кои никогаш не треба да се игнорираат

Вашето срце е поврзано со нешто многу поголемо од вашето тело. Тоа може да се нарече интуиција, универзум, дух, свест или нешто сосема поразлично од наброеното. Кога сте на правилниот пат, тоа ви се обраќа по пат на пораки и знаци. Меѓутоа, постои константна борба помеѓу разумниот ум и чувствителното срце и важно е секоја ситуација со која моментално се соочувате да ја балансирате помеѓу овие два поима со цел секогаш да имате психичка, емотивна и духовна благосостојба.

4 работи кои доаѓаат од срцето и кои никогаш не треба да се игнорираат

1. Почитувајте ги своите чувства

Поставувајте си себеси прашања и обрнете внимание на првиот одговор кој ви се појавува во мислите. Внимателно набљудувајте ги физичките симптоми и случувањата околу себе. Постои тек на радоста кој тече низ вас со „знаење“ кое не може да се објасни. Тоа знаење е всушност вашето срце кое чука во ритамот на сигурноста. Насекаде читаме дека треба да го слушаме своето срце до одредена мера и потоа да му препуштиме на разумот да ја донесе одлуката. Но, проблемот со овој концепт е тоа што умот ќе анализира и претерано ќе размислува за она што срцето веќе одлучило дека е правилно.

2. Следете ја својата автентична вистина

Кога го следите срцето, тоа ви дава цел. Вашата автентична вистина е отпечаток во овој свет. Секој од нас има единствена, индивидуална автентичност. Кога ги следите своите соништа и копнежи, светот сѐ повеќе и повеќе се отвора во ваша корист. Вие го создавате просторот од кој добивате сила. Да го следите своето срце значи да го следите својот вистински повик. Осмелете се да бидете тоа што сте и секогаш стремете се да ги остварувате своите цели до крај. Страста е вашата вистина.

3. Отворете го својот ум кон бескрајните можности

Немојте да се плашите од збунетоста. Тоа е место на кое срцето и умот се борат во одлучувањето што е правилно. Прифатете го дарот на имагинацијата и немојте да прифатите дека нешто е невозможно. Животот е полн со бескрајни можности, само треба да верувате во своето срце. Тоа ќе го врати детето во вас, а децата никогаш не ја бараат логиката во работите. Веруваат дека сѐ е возможно и така треба и да биде.

4. Бидете храбри

Слушањето на срцето значи и пронаоѓање на храброста да се поминат сите пречки околу вас. Вашето срце знае што е најдобро. Оваа ранливост понекогаш доаѓа со цената на предрасудите и критиките. Не секој ќе ги разбере и прифати вашите одлуки. Но, тоа е во ред. Ако сте подготвени да го следите тоа што ви го диктира срцето, ќе постигнете чувство на слобода кое ќе ви помогне да продолжите да се движите напред. Не дозволувајте стравот да го одреди вашиот правец. Кога ја слушате својата интуиција ќе стигнете на места каде што ќе можете да се развиете и да ја проширите својата свест.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар