4 пропусти поради кои ќе бидете етикетирани како лоши во кревет

4 пропусти поради кои ќе бидете етикетирани како лоши во кревет

Повеќето мажи се доста самоуверени кога станува збор за нивните техники во креветот и поради тоа честопати занемаруваат некои ситници кои можат добриот секс да го претворат во лошо искуство. Недостатокот на хигиена, занемарувањето на желбите на партнерката и бегството од предиграта се само мал дел од нивните навики кои жените воопшто не ги сакаат.

4 пропусти поради кои ќе бидете етикетирани како лоши во кревет

1. Мајсторот кој знае сѐ

Она што жените најчесто го истакнуваат како голема маана кај нивните партнери е фактот дека не слушаат, а истиот проблем се случува и во кревет. Експертите наведуваат дека мажите имаат преголемо его во најголемиот број од случаите, па така и деталите поврзани со интимните односи ги земаат здраво за готово. Како во секојдневните ситуации, така и во креветот преовладува нивното големо „јас“ кое знае сѐ, па секој обид за разговор во врска со деталите за време на сексот завршува со познатата реченица „Јас го знам тоа подобро од неа“.

2. Секс без загревање

Жените ја обожаваат предиграта! Моментите на галење и опсипување со бакнежи се високо на листата на приоритети кај сите жени кои предиграта ја сметаат за исто толку важна како и самиот љубовен чин. Но, мажите овој податок многу често го занемаруваат. Тие го сакаат тоа брзо и без увертира што на дамите баш и не им е по волја.

3. Лоша хигиена

Мрзеливоста кај мажите честопати се одразува и во креветот каде нивните „опојни“ мириси, кои ги сметаат за доказ за машкоста, на жените воопшто не им се примамливи. Глетката на испотено машко тело е привлечна само оддалеку или на филмови, бидејќи жените во креветот сакаат негувано машко тело со убав мирис.

4. Ќути и работи

Моментот на молчење за време на жешките игри во креветот со задоволство е практикуван од страна на посилниот пол, но на жените тоа не им се допаѓа. Затоа време е мажите да почнат да ги користат своите длабоки секси гласови и во креветот со истиот жар како кога навиваат на спортски натпревар.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар