4 причини зошто вашето тело одбива да ослаби
Постојано сте на диета, вежбате редовно веќе неколку месеци, но резултатите речиси и да ги нема. Наместо да избрзате со обвинувања на сметка на генетиката, прочитајте кои други причини можат да ве спречуваат да ослабите.
Не се трудите доволно
Тренингот мора да биде квалитетен. Ако трошите многу време на трчање или теретана, не значи дека тоа го правите правилно.
Исто така, неопходно е постојано да си поставувате нови цели. Штом една вежба ви стане лесна, не задоволувајте се со тоа. Почнете да кревате потешки тегови или трчајте побрзо или на подолга патека. Постојаниот напредок и квалитет во вежбањето ќе обезбеди и напредок во слабеењето.
Стрес
Организмот, едноставно, знае кога имате некој емоционален проблем и ќе го саботира вашето симнување килограми. Стресот многу лошо влијае на слабеењето со тоа што ги задржува мастите во организмот, а посебно оние околу стомакот. Затоа, погрижете се работите и луѓето кои ве прават незадоволни да ги држите што подалеку од себе.
Нетолеранција на одредена храна
Можеби се храните правилно, со разновидна храна, но килограмите и понатаму остануваат. Една од можните причини за тоа е вашата нетолеранција кон одредени намирници. Внесувањето храна која вашиот организам не ја толерира доведува до одредени воспаленија внатре во организмот кои оневозможуваат тренингот да даде резултат. Познат е примерот на Новак Ѓоковиќ кој откако откри дека е нетолерантен на глутен значително ја подобри својата игра по што стана најдобар тенисер во светот. Тестот за толеранција на храна кој го нудат одредени клиники ќе ви покаже која храна ви пречи во слабеењето, доколку воопшто постои таква.
Изложени сте на премногу отрови
Отровите кои се внесуваат преку загадениот воздух, цигарите, лековите, хемиските супстанци кои се користат во козметиката итн., се таложат во масните ќелии во организмот. Доколку нашето тело ги искористи овие масни ќелии како енергија отровите ќе се ослободат и ќе направат хаос. За среќа, организмот е доволно паметен да не ги користи, но така мастите остануваат наталожени на места каде што не ги посакуваме. Решението лежи во ослободување на отровите, по што организмот ќе може слободно да ги согори. Во тоа ќе ви помогне диета за детоксикација со многу течности, а посебно чаеви и какао. Исто така, може да ги земете предвид и третманите за ослободување на токсините.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.