4 причини зошто славните даваат лош пример
За да биде некој „селебрити“ во денешно време, не треба да поседува кој знае какви квалитети. Основен предуслов е да биде подобен за медиумите да прават пари од него. Многумина во нив гледаат идоли, иако има многу причини зошто не треба да се земе пример од поголем дел од нив.
Имаат лош однос кон парите
Ние живееме во свет во кој парите се еден од главните проблеми, а кај нив тоа не е случај. Ким Кардашијан, која прелесно заработува пари дозволувајќи да ѝ го снимаат животот додека не прави ништо, си дозволува излегување во ноќен клуб во кој ќе потроши десетици илјади долари, сума која некои луѓе кај нас може да ја заработат за неколку десетици години. Кому му е потребно да потроши толкаво богатство за да си помине убаво?
Плаќаат друг да им ги врши најосновните работи
Славните ѕвезди си ангажираат лични асистенти кои ги ослободуваат од некои секојдневни предизвикувачи на стрес. Имаат доволно пари за да платат некој да им ги прибере децата од училиште, да ги вози, да им закажува и откажува состаноци, да им резервира летови, да им купува намирници за да ја одржуваат линијата итн. Имаат многу време за забава, но се откажуваат од некои ситници кои на животот му даваат содржина и го прават поинтересен.
Знаат како да излезат паметни
Иако постојат неколку исклучоци кои одвреме-навреме знаат да нè насмеат со своите „мудри“ мисли, добар дел од славните знаат што треба да кажат за да го убедат просечниот гледач дека се паметни. Затоа постојат пејачки кои упорно тврдат дека ги афирмираат правата на жените и се трудат да ја издигнат нивната свест на повисоко ниво, додека нивните музички спотови се исполнети со голотија за да можат подобро да го продадат звукот кој ги следи во позадина.
Понекогаш нема кој да им каже „не“
Личниот асистент на Чарли Шин му набавувал дрога, а Мадона и сестрата на сопругата на идниот англиски крал дури стигнаа да издадат и книги. Постојано се опкружени со асистенти кои не сакаат да ја загубат работата или од луѓе кои сакаат да заработат на нивните имиња, па нема кој да им каже дека не ги бива за некои работи. Ако некој им ласка кажувајќи им дека во нив лежи идниот бестселер, тие ќе веруваат во тоа додека не се соочат со читателите и критиката. Во таков склоп на околности можат да бидат многу лош пример.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
ha ha “super” ! Em losh primer, em mnogu pari !