4 причини зошто не смеете да го избегнувате лебот, дури ни за време на диета

4 причини зошто не смеете да го избегнувате лебот, дури ни за време на диета

Кога зборуваме за слабеење и здрава исхрана, знаеме дека лебот е прв непријател на нашето тело, но кампањата „The slice of life“ (Парче живот) објаснува дека таквото размислување е целосно погрешно.

0-4-prichini-zoshto-ne-smeete-da-go-izbegnuvate-lebot-duri-ni-za-vreme-na-dieta-kafepauza.mk

Голем број луѓе лебот го поврзуваат исклучиво со јаглехидратите од кои се дебелееме, но овој стар и вкусен производ всушност е многу повреден и поздрав отколку што мислите. Пред да ви ги опишеме благодатите на лебот, важно е да подвлечеме дека не секој леб е квалитетен и здрав. Тоа пред сѐ се однесува на белиот леб и на оној преполн со адитиви.

Кога зборуваме за здрав и вкусен леб, опишуваме пекарски производ направен од интегрално пченично и ‘ржано брашно т.е. оној кој е богат со разни житарки и добри маснотии – како маслиновото масло. Таков леб печеле нашите баби.

Интегралната непреработена житарка е житарка која е со сите свои делови (лушппа, ендосперм и никулец). Додатоците како сол, јајца, семки, мед, лук, цимет, и сл. состојки го обогатуваат вкусот и ја подобруваат текстурата на лебот – за вие да уживате во него.

Кои се благодатите од лебот?

  1. Освен протеини, лебот содржи и големи количини минерали меѓу кои е калциумот – кој ги зајакнува и зацврстува коските.
  2. Лебот содржи железо кое ви дава енергија и ја поправа крвната слика.
  3. Интегралниот леб е преполн со витамини како витаминот Е и витаминот Б.
  4. Лебот е богат со влакна – кои се многу важни за нормалната работа на дигестивниот систем.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар