4 причини зошто не е добро да се споредувате со другите
Ние самите сме оние кои си ги одредуваме нашите цели и предизвици. Никако не смееме да дозволиме другите да го одредуваат нашиот успех или во најлош случај – да ги користиме другите луѓе како мерка за нашите успеси.
1. Си ја уништувате самопочитта
Можеби ги гледате луѓето околу вас или оние кои воопшто не ги познавате како едноставно им оди во животот и тоа ве прави да се чувствувате неадекватно. Тоа ќе го наруши вашиот прогрес во животот, ќе ве направи неисполнети и ќе се чувствувате лошо.
2. Премногу ќе си го кренете носот
Од друга страна пак, може да мислите дека сте подобри од сите останати, а тоа ќе ви постави огромни ѕидови околу вас. Агресивноста е природен резултат. Ќе почнете да се чувствувате совршени, бесмртни, но тоа ќе створи еден оклоп околу вас. Поради тоа што ќе мислите дека сте најдобри, ќе ги пропуштите малите работи кои ви значат.
3. Не е фер да се споредувате
Секој е различен. Сите имаме различни успеси, идеи, позадини. Споредувањето со другите едноставно не е фер споредба.
4. Вие сами си го одредувате сопствениот успех
Никој не треба да ви го одредува вашиот успех, токму од таа причина бидејќи е ВАШ! Ако вашата идеја за успех е да имате некоја скромна работа и скромен живот, тогаш тоа е одлично! Ако вашата идеја за успех е да бидете среќни, супер! Ако имате идеја да станете претседател, ви посакуваме среќа. Но, запомнете, тој успех е ВАШ!