4 причини зошто е добро да се откажете од градникот
Сигурно не можете ни да си го замислите денот без ова парче облека од вашиот гардеробер. Но, градниците можеби и не се толку добри за вас. Во продолжение следуваат 4 причини зошто треба засекогаш да ги заборавите.
1. Градникот ја менува формата на градите
Постојаното носење градник ги ослабува градните мускули, а со тоа градите почнуваат да се спуштаат. Природна поддршка полека се намалува. Анатомски, градите се покриени со тенка еластична кожа, а ги поддржуваат лигаменти. Ако постојано носите градник, лигаментите нема да функционираат како што треба. Еластичноста на кожата ќе се зголеми кога ќе престанете да носите градник.
2. Постои поврзаност помеѓу градниците и цистите
Научниците откриле дека оваа поврзаност сепак постои. Речиси 90% од жените кои биле дијагностицирани со цисти забележале значително подобрување откако престанале да носат градници.
3. Предизвикуваат болки во грбот и рамената
Според едно истражување неколку пациенти биле замолени да престанат да носат градници и да анализираат како се чувствуваат нивните мускули. 79% од жените изјавиле дека состојбата на нивните мускули се подобрила, и многумина од нив се откажале од градниците.
4. Природна масажа
Кога не носите градник, вашите гради природно се масираат додека одите. Ова ги опушта напнатите мускули, ја подобрува циркулацијата и спречува разни воспаленија.
Погледнете и како да излезете од дома без градник.