4 причини поради коишто се будите уморни

4 причини поради коишто се будите уморни

Да се разбудите наспиени е одличен начин да го започнете денот. Сепак, постојат денови кога се будите уморни, без видлива причина и едноставно не сте способни веднаш да започнете со дневните обврски, иако сте одмарале во текот на ноќта. Еве неколку работи коишто може да бидат причина за наутро да се чувствувате уморни.

1. Се будите во различни фази од спиењето. Вашето спиење е поделено во циклуси, па вие можеби сте се разбудиле во текот на не-РЕМ фазата, којашто е фаза на длабоко спиење. Обидете се да се будите за време на РЕМ фазата бидејќи тогаш вашето тело е подобро подготвено за станување.

2. Слаб квалитет на спиење. Не е важно колку долго спиете, сѐ додека не спиете квалитетно, вие ќе се будите уморни. Слабиот квалитет на спиење може да биде предизвикан од многу фактори, како на пример спиење со вашето домашно милениче, пиење кофеински пијалаци доцна во денот или пак, ако има премногу бучава во вашата околина.

3. Дејство на лекови. Ефектите од одредени лекови може да предизвикаат несоница којашто ќе трае до самото утро. Доколку се пронаоѓате во ова, тогаш консултирајте се со вашиот доктор дали може да ви ја прилагоди дозата или пак да ви ги промени лековите.

4. Не ви е синхронизиран вашиот биолошки часовник. Доколку вашиот распоред на спиење не бил нормален, тогаш најверојатно на вашето тело ќе му треба време да се прилагоди со цел да се разбуди во одредено време. Обидете се да направите распоред, па ќе ја видите разликата во тоа како ќе се чувствувате во текот на утринските часови.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар