4 причини коишто покажуваат зошто не треба да возите кога сте пијани

4 причини коишто покажуваат зошто не треба да возите кога сте пијани

Голем дел од сообраќајните несреќи се случуваат токму поради алкохолот. Лицата коишто се под дејство на алкохол ја загрозуваат не само својата, туку и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот. Ова е само една од причините зошто не треба да возите во алкохолизирана состојба. Во продолжение погледнете уште неколку.

1. Може да бидете оштетени од повеќе аспекти

Алкохолот го успорува времето на реакција, што ви оневозможува соодветно да се справите со опасностите коишто ви се испречуваат при возењето. Дури и со само неколку пијалаци, нивото на алкохол во крвта може да биде повеќе од законски дозволеното. Па, алкохолизираната состојба може да ви донесе голема парична казна, затворска казна или пак голема материјална штета.

2. Може да им наштетите на оние околу себе

Би можеле ли да си простите себеси доколку повредите друго, невино лице, додека возите под дејство на алкохол? Тоа ќе ви остави белег за цел живот. Затоа, оваа е уште една причина плус за да не возите во алкохолизирана состојба. Кога сте под дејство на алкохол не сте свесни за она што го правите. Со цел да се заштитите себеси и оние околу вас, не возете доколку сте пиеле алкохол за да избегнете какви било инциденти.

3. Скапо е

Дури и никој да не биде повреден, алкохолот може да ве чини скапо. Не само што можете да заработите големи парични казни или пак да платите голема материјална штета, туку понекогаш ризикувате да го загубите и вашето работно место. Бидете паметни и избегнете ги проблемите.

4. Нема потреба

Нема причина да возите пијани, кога знаете дека и себеси и другите ги изложувате на опасност. Зошто би го ризикувале својот, животот на останатите, вашата работа и вашиот углед, кога толку убави моменти може да ви бидат на располагање?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар