4 причини да не се одлучите за диета
Повеќето луѓе сакаат да имаат слабо и затегнато тело. Доколку и вие сте во потрага по вашата идеална тежина, тогаш можеби ќе се одлучите да бидете на диета. Сепак, тоа не е секогаш најдобриот одговор што ви треба. Иако не сите од нив имаат лошо влијание, во зависност од вашата моментална здравствена состојба, некои од нив може да ги влошат работите. Еве неколку причини кои ќе ви покажат зошто е подобро да размислите повеќе пати пред да се решите за каква било диета.
1. Немате медицинска дозвола
Не е паметна идеја само да започнете да следите некоја диета без да се консултирате со вашиот лекар, особено ако имате некоја хронична болест. Одредени диети може да имаат негативно влијание врз вашето здравје. На пример, грејпфрутот може да има интеракција со некои лекови, како што се оние кои се користат за лекување на високиот холестерол и крвниот притисок. Значи, ако имате сериозна хронична болест, најдобро е прво да се консултирате со вашиот лекар. Покрај медицинските консултации, препорачливо е да се консултирате и со нутриционист. Тој може да ви помогне да дознаете колку калории треба да внесувате дневно, како и тоа која е најдобрата храна за вашите потреби. Нутриционистот исто така може да ви каже колкава е вашата идеална тежина врз основа на возраста, висината и видот на телото.
2. Ако сте под притисок
Ако вашиот партнер или другите околу вас се жалат во врска со вашата тежина и ви велат дека треба да ослабете неколку килограми, застанете и размислете пред да почнете да ги броите калориите што ги внесувате. Дури и ако треба да изгубите некој вишок килограм, тогаш тоа е одлука што треба да ја направите вие под надзор на вашиот лекар. Не дозволувајте вашата самопочит да се заснова на бројките кои ги покажува вагата. Ако вашиот партнер не може да го прифати ова, тогаш сигурно време е да се разделите.
3. Слаби сте
Доколку веќе сте прилично слаби, диетата е лоша идеја. Треба да имате одредена количина резервни масти во телото во случај потешко да се разболите или пак, да ви е потребна операција. Губењето повеќе тежина може да предизвика вашето тело да ги користи складираните протеини. Од друга страна, доколку веќе имате здрава телесна тежина, најдобро е да застанете овде. Желбата да изгубите повеќе кога тоа не е физички корисно, најчесто ја покажува вашата намалена самодоверба. Можеби начинот на кој се гледате себеси не е во согласност со реалноста? Можеби имате нарушување на сликата за телото кое лекарите го објаснуваат како состојба каде поединците се фокусирани на нивните недостатоци. Ако се пронаоѓате овде, подобро е да се консултирате со стручно лице кое ќе ви го одреди начинот на исхрана и ќе ви помогне да постигнете здрава слика за себе.
4. Мислите дека ако ослабете животот ќе ви биде подобар
Всушност, губењето на тежината нема да ви го направи животот подобар. Она што ќе ви помогне е директно да се соочите со ситуацијата во вашиот живот која ве наведува да настојувате да ослабете. Дали се занимавате со стресна работа? Дали вашиот брак не функционира најдобро? Ако храната ви станува утеха, тогаш време е да се справите со ситуациите кои ви предизвикуваат стрес. Откако ќе се погрижите за ова, поголема е веројатноста да ја добиете посакуваната тежина кога еднаш веќе ќе го прилагодите начинот на исхрана.