4 причини да не се грижите дека пропуштате нешто од животот

4 причини да не се грижите дека пропуштате нешто од животот

Секој од нас се соочил со стравот дека на еден или на друг начин пропуштаме некои битни убави моменти во животот. Постојано ни се повторува дека некои работи мора да ги направиш додека си млад и дека потоа не може да се доживее ништо убаво, дека мора да одите на ваков или онаков одмор за да знаете што е лето, дека само на Ибица има добри журки, дека мора да доживееме одредени работи за животот да биде вреден а живеење… додајте уште колку сакате „совети“ за работи кои не смееме да ги пропуштиме за да бидеме среќни.

4 причини да не се грижите дека пропуштате нешто од животот

Тоа на крај резултира со страв кој се јавува кај нас. Тој страв ни вели дека ако го пропуштиме она што претстои, многу ќе зажалиме и нема да бидеме среќни поради тоа. Се разбира, ако ваквите мисли ви стигнат во главата ќе завршите со чувство дека сте пропуштиле нешто. На пример, не сте биле на журка овој викенд и тоа ќе ве остави со чувство на големо незадоволство. За да се ослободите од таквата грижа обидете се дa ги сфатите овие неколку работи.

1. Ова се сосема нерационални мисли

Не излегувате за време на викендот затоа што не се чувствувате добро и мислите дека сте пропуштиле можност да доживеете нешто незаборавно. Запрашајте се дали секој викенд доживувате по нешто незаборавно, па и овој е толку посебен. Секако дека излегувањата за викенд се забавни, затоа сите толку ги сакаме, но ретко кога се до толку посебни за да мислиме дека не смееме да се одмориме некогаш за да не пропуштиме нешто. Една вечер или еден викенд нема да смени ништо.

2. Не е можно ништо да не пропуштите

Во секој момент на повеќе различни места се случуваат прекрасни настани на кои можете да бидете присутни. Вие сте отпатувале некаде на викенд, а вашите другари токму тогаш направиле некоја глупост што после ќе ја раскажуваат. Но, ако останевте со нив да направите убав спомен, тогаш ќе пропуштевте да ја запознаете онаа интересна личност која сте ја запознале таму и многу ви се допаѓа. Не можете ништо да не пропуштите. Таков е животот, збир на убави и помалку убави моменти, некои ќе ги доживеете, некои не. Никогаш не знаете како би се одвивал доколку наместо едно пропуштање сте направиле друго.

3. Социјалните мрежи не даваат вистинска претстава за животот

Знаете дека на социјалните мрежи луѓето го покажуваат само најдобриот дел од себе. Сигурно имате некој другар или другарка за која знаете дека живее многу поинаков живот отколку она што за неа или за него може да се види на социјалните мрежи. Тоа што таму можете да го видите е само монтажа од нивните најубави моменти. Немате потреба за грижа затоа што никој нема баш таков живот. Не ги пропуштате работите кои другите ги постираат.

4. Фокусирајте се на сегашниот миг

Не живејте во минатото и она што сте го пропуштиле или можеби не сте го пропуштиле. Тоа веќе не постои. Сегашноста е сè што имате и само ако се фокусирате на неа ќе извлечете максимум од животот.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар