4 причини да чекорите боси по жар
Босоногото чекорење по жар е една од најоткачените работи што човек може да ги направи. Подразбира поминување по тепих од врела жар долг до три метри, кое трае само неколку секунди, пред нозете да се стават во студена вода за да се изладат. Оние кои го направиле тоа не жалат за нивната постапка, туку напротив, ги даваат овие четири причини зошто и вие би требало да го сторите тоа.
Ја тестира подготвеноста да се соочите со огромен страв
Самата помисла да ги изложите вашите стапала на екстремно висока температура која евентуално може да доведе до изгореници е доволна да му внесе страв в коски на секој кој ќе помисли да го направи тоа. Сепак, пребродувањето на овој страв завршува со неверојатно адреналинско искуство. Ќе се тестирате себеси дали навистина сте спремни да го надминете стравот и да се впуштите во ваква авантура или ќе се повлечете.
Нема баш да се изгорите
Повеќе ќе ве „изгори“ умот, отколку жарот. Оние кои чекорат по жар немаат големи изгореници како што некој кој гледа отстрана би можел да помисли. Никој не знае зошто изгорениците не се случуваат, но во секој случај добро е да го знаете тоа ако имате намера да направите нешто вакво.
Ќе се изненадите од вашето тело
Откако ќе ги изодите оние 2-3 метри од оган, па ќе си ги изладите нозете и сѐ ќе изгледа како да е во ред, ќе бидете изненадени од тоа што вашето тело е способно да издржи. Потоа веројатно ќе се прашувате на каков друг ризик би можеле да го изложите, ако тоа на крај резултира со адреналин.
Можеби ќе имате мали белези кои раскажуваат приказна
Ако евентуално ви се појави некој белег на стапалото како последица од овој чин, барем ќe имате траг кој со себе ќе ја носи приказната за денот кога сте биле доволно луди и храбри за да чекорите по жар. А вие секако би сакале да ја раскажувате таа приказна.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.