4 предизвици со кои се соочуваат паровите кога патуваат заедно
Велат дека ако партнерите заедно патуваат тие ќе добијат јасен приказ за стабилноста и силата на врската. И навистина е така. Постојано ќе бидете заедно, понастрана од љубопитните погледи на фамилијата и пријателите и најмногу ќе научите еден за друг. Тие неколку дена можат да бидат показател за вашиот заеднички живот и за она што може да следува понатака.
Но, иако можете да научите многу од заедничкото патување, сепак тоа може да доведе до конфликт. Ако не сте внимателни, вашиот одмор од соништата може да се претвори во кошмар. Затоа еве 4 проблеми и нивните решенија.
1. Доцнење
Ако постои едно нешто што може да ве онерасположи за време на патување, тоа е доцнењето. Иако во половина од случаите не е по ваша вина, доцнењето заради проверка пред тргнувањето или заради која било друга активност за време на одморот може да предизвика кавги како и пропуштени шанси во кои и двајцата може да уживаат.
За да избегнете негативност едноставно договорете се да пристигнете пред време. Ако сепак не можете да ги контролирате моменталните околности, прифатете компромис. Сигурно постојат уште многу забавни варијанти. Сепак, што е повозбудливо од тоа да бидете заедно на ново место?
2. Ненадејни промени во планот
Конечно пристигнавте и среќни сте и возбудени за турата којашто следи. Но, од некои причини таа е откажана. Ненадејните промени за време на патувањата се чести. Особено ако планирате да се впуштите во активности кои бараат да пешачите по планини или да поминувате покрај реки, бидејќи тие најмногу зависат од временската прогноза.
Ако се случи нешто вакво, бидете оптимистични. Гледајте на тоа како да се отворило слободно место во вашиот веќе зафатен распоред. Направете нешто поинакво. Одморете се и галете се во креветот или дишете со полни гради и истражувајте го местото каде што престојувате.
3. Различна бранова должина
Ако сте љубители на скокање со банџи, додека тој сака да остане во хотелот и да спие, големи се шансите да настанат тензии. За да го избегнете ова, разговарајте за вашите очекувања уште пред да тргнете и изградете распоред врз база на нив. Вака ќе постои време за она што двајцата го сакате и кога целата работа ќе се заврши, вие ќе бидете среќни и задоволни.
4. Губење
Губењето во ново место е авантура сама по себе, но ако времето не е на ваша страна и големи се шансите да го испуштите автобусот, тогаш најверојатно ќе почнете да се убивате меѓу себе. Во ова модерно време и да се изгубите не е баш некаков проблем бидејќи има луѓе околу вас кои имаат мобилни телефони и можат да ве упатат. Но, ако се наоѓате во селски или рурален предел ќе ви е потребен малку поголем труд за да го најдете патот за дома. Обратете им се со почит на локалните жители и замолете ги за помош или насоки. Ако не ве разбираат, барајте јавно место како ресторан или полициска станица каде што знаете дека некој може да ви помогне. Уште поважно, останете заедно и имајте трпение. Залудно е да барате виновник бидејќи двајцата ги сносувате последиците и единствен начин да се спасите е ако работите заедно.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.