4 популарни фризури кои ни ја уништуваат косата
Сите ние сакаме на летните високи температури да носиме коњско опавче или плетенки, но дали сте знаеле дека вашата слатка фризура може многу да ѝ наштети на вашата коса? Токму затоа погледнете ги следниве фризури кои треба да ги одбегнувате со цел вашата коса да се одмори барем додека сте на летување…
Високо коњско опавче
Штета: разлистување, пукање
Високото коњско опавче е можеби најлесниот начин да ја тргнете косата од лицето или пак, да ја скриете доколку е мрсна. Но, честото носење високо коњско опавче би можела да ја уништи на начини кои не можете ни да ги замислите. Еластичните ластичиња се премногу цврсти за неа, предизвикувајќи таа со време да ослаби и пука.
Цврсти плетенки
Штета: разлистување, слабеење
Не велиме никогаш повеќе да не си направите плетенки, туку едноставно малку да ја оставите вашата коса да дише, особено ако сте на море. Доколку косата е прецврсто затегната, таа почнува да пука од коренот, а тоа е најлошото нешто што можете да ѝ го направите. Цврстите плетенки оставете ги за посебни прилики, додека пак за секојдневна фризура одберете опуштен изглед.
Мокра собрана коса
Штета: пукање, разлистување, паѓање
Замислете колку штета ќе направите доколку претходните 2 фризури ги направите на мокра коса. Таа е многу почувствителна од сувата коса, па токму затоа и побрзо пука. Никогаш немојте да ја врзувате додека сè уште е мокра. Ако не ни верувате дека може да настане голема штета, погледнете го ластичето следен пат кога ќе ја врзете вашата мокра коса. Сигурно е преполно со влакна откако ќе го тргнете, нели?
Бушава пунџа
Штета: триење и повлекување на темето
Спиењето со пунџа на вашата глава можеби ќе ја зачува вашата фризура, но исто така и ќе предизвика голема штета за нејзиното здравје. Многу е важно да ја пуштите косата кога спиете, со цел да не го оштети нејзиниот корен. Доколку не можете никако да спиете со пуштена коса, користете сатенски или свилен стегач.