4 показатели дека вашиот организам е преполн со отрови
Додека го читате овој текст, можеби имате чувство дека нешто во вашето тело не е баш онака како што треба. Можеби не се чувствувате толку добро или пак храната којашто вообичаено ги задоволувала вашите потреби, сега има сосема спротивен ефект. Најлесно е сите тие знаци да им се придадат на стареењето, но нашето тело речиси секогаш ни дава до знаење дека нешто не е во ред со нас. Кога би престанале да ги слушаме тие „шепотења“ кои произлегуваат од нашето тело, можат да настанат големи проблеми.
Балансот е темел на сите нивоа на нашето здравје. Нашиот организам е како симфониски оркестар кој свири хармонична симфонија – сè се темели на балансот. Но, токсините, несоодветната исхрана, недоволниот сон и стресот на работа ни застануваат на патот до постигнување на балансот. Наместо тоа, сите тие нешта нè фрлаат во токсична стапица. Многу е важно да се поврземе со нашето тело, за да можеме да ги слушнеме знаците за состојбата на нашето здравје.
Еве неколку показатели дека во нашето тело има голем број отрови:
1. Секогаш се чувствувате подуено
Нашите организми треба секојдневно да ги исфрлаат отровите, односно цревата се празнат барем еднаш дневно. Доколку не го правите тоа, отровите се враќаат во крвотокот и можат да направат хаос.
Совет: Доколку имате проблем со редовната столица, обидете се да пиете повеќе вода, да вежбате, земајте квалитетен пробиотик или чај што овозможува забрзување на метаболизмот.
3. Лош здив
Лошиот здив не е единствено проблем што може да ви го расипе вечерното излегување, тој може да укаже и дека сте полни со отрови. Може да биде предизвикан од бактерии во устата кои испуштаат непријатни мириси. Но, може и да е знак дека црниот дроб и цревата тешко се ослободуваат од токсините.
Совет: Може да користите чистач за јазик, за да ги елиминирате бактериите коишто го прекриваат. Исто така, обидете се со свежи билки, како магдонос и коријандер, кои се фантастични при детоксикацијата на црниот дроб.
3. Ви пречат мириси
Доколку имате силни реакции на миризби, како што се оние од парфеми или чад од цигари, можеби токму тие создаваат отрови во вашиот организам. Многу пати стануваме пречувствителни на надворешните мириси доколку нашиот црн дроб има проблем со отстранување различни отрови од нашето тело. Кога патиштата за детоксикација се затворени, нашите тела и сетила стануваат изострени и можат да предизвикаат реакции, како на пример, главоболка или мачнини.
Совет: Помогнете ја работата на вашиот црн дроб со билки, како што е коренот од глуварче, што можете да го консумирате во вид на чај. Исто така, многу често помага и маслото од рицинус.
4. Вишокот килограми едноставно не се топат
Постојат голем број причини за отпорност на организмот кон губење на вишокот килограми. „Полудените“ хормони, неправилната исхрана и секако погодувате, токсините, се едни од причините за таквата состојба на телото. Кога телото е оптоварено со нив, многу често е невозможно да се изгуби прекумерната тежина.
Совет: Клучно е да се погрижите телото на правилен начин да ги исфрли токсините. Тоа значи да ја подобрите природната способност на телото да го стори тоа и да најде рамнотежа. Затоа одберете чиста, органска храна кога е тоа можно и погрижете се добро да се испотите, испразнете ги цревата, пијте многу вода и дишете квалитетно секој ден.