4 основни чекори кои ќе ве одведат до вистинска љубов

4 основни чекори кои ќе ве одведат до вистинска љубов

Не постои универзална тајна која може да му помогне на секој човек брзо да ја пронајде љубовта на својот живот. Но, сепак постојат неколку чекори кои можат да ве насочат кон таа насока. Па, доколку сакате да си ги подобрите вашите шанси за љубовна врска, тогаш погледнете ги следниве 4 чекори кои мора да ги преземете…

4 чекори кои ќе ве одведат до вистинска љубов

1. Бидете емоционално подготвени и добро расположени

Дали има имате интереси кои не вклучуваат пиење алкохол и гледање ТВ серии? Дали целото свое работно време го поминувате во жалење за вашиот живот? Или пак, правите нешто со кое се подобрувате? Не е важно какви интереси имате, но сепак добро е кога имате нешто за кое се грижите, нешто кое го збогатува вашиот живот. Вие треба да бидете најдобрата верзија од себе и да бидете горди на тоа.

Ако постојано се изложувате на стрес и често чувствувате анксиозност, тогаш можеби сте премногу ранливи да бидете во моментов во врска. Лесно е да прифатите лош третман или да дозволите некој да ве искористува доколку немате силно мислење и почит за себе. Без разлика колку многу ви е потребно некој да ве прегрнува секоја вечер и да ви кажува дека сè ќе биде во ред, вие најпрво мора да обрнете внимание на себе, а дури потоа да побарате личност со која ќе го делите животот.

2. Оттргнете се од луѓето кои не се за вас

Таканаречените лоши момци, можеби ќе ви овозможат моментална возбуда и забава, но на долг рок тие не се за вас. Многу пати нивната цел е квантитативна, а не квалитативна, па доколку сакате сериозна љубовна врска, тие се најлошиот избор.

Овие момци ќе ги препознаете преку фалењето за нивните лаги или неверства, смеењето на туѓата несреќа и неспособноста да го задржат вниманието доволно долго за да ве ислушаат. Доколку познавате некој кој се однесува на овој начин, не правете оправдувања за него. Едноставно одете си и заборавете го. Зошто би биле во врска со личност која очигледно нема почит за вас?

3. Поставете стандарди

Очекувајте скромен, но пријатен прв состанок. Поставете стандарди и држете се до нив. Исто така, можете да го избегнете сексот на првиот состанок. На овој начин со сигурност ќе му дадете до знаење дека вие сте заинтересирани само за забава, дури и да не е така. Кога станува збор за стандарди, исто така не одговарајте на однесување кое не сакате да биде повторено. На пример, доколку не сакате да добивате пораки по 23 часот, не одговарајте на нив или пак, ако ви делува како тој постојано да флертува со девојки, разговарајте со него и кажете му дека тоа ви пречи.

Едноставно не се согласувајте на врска во која знаете дека ќе бидете повредени. Бидете свесни за оние нешта кои ви се важни и не прифаќајте ништо помалку од тоа што го сакате. Навистина е толку лесно.

4. Искрено кажете дека барате врска

Ова е можеби еден од најважните чекори кои најчесто се избегнуваат од страв. Ако сакате врска, кажете го тоа гласно. Вие не можете да го добиете тоа што го сакате доколку само чекате и се надевате дека ќе се случи. Исто така, кажувањето на овие нешта гласно е добра пракса за сериозната врска, каде што вие треба за сè да зборувате со цел да направите таа да успее.

Па, дали би требало да очекувате момче веднаш по првиот состанок? Не. Но, бидете јасни дека сакате работите да се движат во таа насока. Доколку со овој став го избркате, слободно пуштете го. Вие во моментов не сакате иста работа и тоа е сосема во ред. Имајте на ум дека нема да можете да имате врска со секоја личност која ви се допаѓа бидејќи тие се двонасочна улица и двете страни треба заедно да работат за да успее. Зошто би сакале да го трошите вашето време за некој кој не е соодветен за вас?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

  1. kosta piritovski Reply

    prekrasno napisano

Остави коментар