4 нови начини како да носите џемпер оваа пролет

4 нови начини како да носите џемпер оваа пролет

Можеби не сте подготвени да се откажете од прегратките на најмекиот џемпер, особено кога ќе размислите колку е забавно да го комбинирате, а во продолжение ќе најдете инспирација за нови комбинации.

Џемпер со мини должина

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jeanette (@_jeanettemadsen_)

Плетениот џемпер и мини должината се најдоброто од двата света. Бидејќи должината е кратка, најдобро е да се држите до најкласичните џемпери кои ќе ја балансираат силуетата, но во кои ќе ви биде и доволно топло.

Нијанса на нијанса

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Débora Rosa (@deborabrosa)

Сон на секој минималист: нијанси од истата палета бои кои ја нагласуваат текстурата на облеката. Направете ваш сопствен комплет од различни материјали: мекиот џемпер одлично се издвојува кога е во комбинација со тенка ткаенина, фармерки или кожа, а за дополнителни стилски точки, додајте моден додаток со крзно во истата боја.

Закопчано

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zina Charkoplia (@zinafashionvibe)

Како да носите кардиган со големи копчиња или модерна полуролка со патент? Закопчајте ги! Високиот струк е задолжителен, а најдобар избор се кожени панталони со набори или фармерки во стилот на седумдесеттите години.

Преку рамена

Џемперот преку рамена е еден од најголемите хитови оваа сезона, а ќе се носи преку палта, мантили, сакоа и други џемпери. Иако оваа комбинација изгледа многу опуштено, таа е смислена внимателно.

Прочитајте кои се 7-те најпопуларни пролетни јакни.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар