4 негативни мисли поради кои не можете да најдете љубов

4 негативни мисли поради кои не можете да најдете љубов

Луѓето честопати имаат погрешна слика за себе врз чија основа донесуваат погрешни заклучоци и неправилно го толкуваат однесувањето на другите. Ова особено се одразува на нивниот љубовен живот. На пример, доколку една девојка нема позитивно мислење за себе, ќе успее да смисли милион причини зошто не му се допаднала на дечкото со кого излегла на љубовен состанок, иако тоа е можеби далеку од вистината.

4 негативни мисли поради кои не можете да најдете љубов

Ваквиот начин на размислување ни се случува на сите и ни ја попречува потрагата по вистинската љубов. За да успеете да се ослободите од него, најпрво треба да го препознаете. Ова се 4-те најчести негативни мисли кои ви стојат на патот до љубовта на вашиот живот…

1. Генерализирање

„Сите мажи/жени се исти“. Колку пати сте ја чуле оваа реченица? Честопати луѓето донесуваат генерален заклучок врз основа на еден единствен пример и случка. Кога ќе ни се случи нешто лошо, почнуваме да веруваме дека тоа ќе ни се случува постојано. На пример, ако девојката со која сте излегле не сакала да ве бакне на крајот од вечерта, ќе почнете да ја генерализирате целата ситуација и да мислите дека на ниту една друга нема да ѝ се допаднете. Наместо тоа, треба да ја погледнете ситуацијата од поинаков аспект. Треба да се сетите дека имало многу девојки кои биле заинтересирани за вас и сигурно ќе ѝ се допаднете на некоја во иднина.

2. Пребрзо донесувате заклучоци

Пребрзото донесување заклучоци е една од најчестите грешки што ја прават мажите и жените во потрагата по вистинскиот партнер. Мислат дека имаат натприродни сили и дека можат да проценат како некој човек се чувствува и размислува. Сетете се на вашиот последен љубовен состанок. Сигурно веднаш сте донеле заклучок зошто тој или таа се однесувале на одреден начин, без да ја знаете вистинската причина. Вистината е дека не можете да знаете што еден човек мисли и чувствува, бидејќи сѐ уште не се познавате доволно добро. Наместо да си правите филмови, поставувајте прашања за она што ве интересира.

4 негативни мисли поради кои не можете да најдете љубов

3. Ги преувеличувате работите

Мажите и жените кои од мравка прават слон се многу емотивни, драматизираат и постојано бараат внимание. Тие обично се многу несигурни во себе и имаат променливо расположение. Ваквите луѓе секогаш го очекуваат најлошото. На пример, ако дечкото со кого сте излегле неколку пати не ви се јави и не ви пише цел ден, вие веднаш помислувате дека тој изгубил интерес, ја прекинал врската без да ви каже и решил да се смири со неговата поранешна девојка. Луѓето кои секогаш помислуваат на најлошото имаат бурен љубовен живот исполнет со интензивни емоции и постојани разочарувања.

4. Премногу лично ги сфаќате работите

Луѓето понекогаш го променуваат однесувањето и расположението, но не помислувајте веднаш дека вие сте причината за тоа. На пример, сте ѝ се јавиле на девојката со која сте започнале љубовна врска и таа звучела нервозно и отсутно. Вие тоа го сфаќате премногу лично и почнувате да мислите дека нејзиното однесување е такво затоа што чувствата кон вас ѝ се промениле. Вистината е дека не ја познавате премногу добро, така што не можете да бидете сигурни која е причината за нејзиното лошо расположение. Можете да ја прашате дали се случило нешто, но ако не сака да ви каже, почекајте неколку дена и работите ќе се вратат во нормала.

На сите ни се случуваат овие работи и тоа е сосема нормално. Но, научете да ги препознавате овие негативни мисли и веднаш штом ќе забележите дека ви се јавува некоја од нив, обидете се да ја замените со позитивна. На тој начин ќе имате многу поопуштен и поисполнет љубовен живот, а којзнае можеби и ќе пронајдете вистинска љубов.

Доколку викендов ве чека важна љубовна средба, прочитајте ги и овие совети за прв успешен состанок.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар