4 навики на вистински среќните парови

4 навики на вистински среќните парови

Истражувачите објавуваат илјадници студии за љубовните врски и за сите оние нешта кои помагаат или одмагаат при нивното одржување. Токму овие откритија ни овозможуваат да дознаеме што предизвикува една врска да премине од добра во одлична. Прочитајте ги следниве неколку начини за кои психотерапевтите тврдат дека можат да им помогнат на сите партнери да најдат среќа и задоволство во својата врска.

4 навики на вистински среќните парови

1. Изразувајте го воодушевувањето и привлекувањето

Многумина од луѓето знаат како да се смират по бурна расправија. Но, истражувачите велат паровите треба „да отворат банкарска сметка“ од позитивни чувства со цел подобро да ги применуваат постапките за смирување по конфликтите. Ние ја полниме оваа сметка кога секојдневно ги искажуваме нашите чувства, без притоа ништо да нè спречува.

Овие љубовни искази можат да бидат преку неочекувана порака, мала услуга или пак, сладок рачно направен подарок. Како што се полни сметката, така кога ќе настане некоја негативна ситуација, вие нема да го гледате вашиот партнер во толку лошо светло бидејќи ќе ги користите резервите од позитивни чувства во вас кои ќе ви овозможат побрзо да опростувате.

Идејата е да барате начини на кои ќе ја цените и чувствувате љубовта кон вашиот партнер, но и начини на кои ќе можете постојано да ја искажувате во добрите времиња.

2. Направете место во вашата глава за него/неа

Нашиот живот е позафатен од кога било, бидејќи постојано сме поврзани со работата преку мејлови, пораки и други начини на онлајн комуникација. Од друга страна пак, оние кои имаат деца мора да најдат време за и тие да го добијат потребното внимание. Па, како што ги полните вашите умови со различни видови информации, така мора да почнете да се потсетувате и да не дозволите вашиот партнер да го изгуби своето место во вашата глава.

Оние парови кои се во задоволна љубовна врска тврдат дека една од причините за нивната среќа е фактот што тие чуваат место во нивниот ум за многу важни информации поврзани со партнерот, вклучувајќи ги дури и оние секојдневни нешта како посебните состаноци и омилената храна. На пример, доколку знаете песна која го потсетува вашиот партнер на прекрасни времиња, тогаш најдете посебно место за неа во вашата глава и внимавајте да не ја изгубите мапата која води до неа.

3. Прифатете го вашето меѓусебно влијание

Во денешно време моќта во врските многу често се поврзува со контролата која партнерите ја имаат еден врз друг. Но, правилниот начин на кој можете да ја дефинирате моќта е влијанието на балансот кој го имате помеѓу себе. Среќните врски не само што се трудат да влијаат и да се поврзуваат, туку и го прифаќаат овој труд.

Со други зборови, доколку одговарате позитивно на барањето помош или пак, му се посветувате на партнерот кога тој/таа навистина има потреба од вас, тоа однесување ќе влијае позитивно врз вашата врска. Од друга страна пак, кога се карате, мора да покажете дека навистина сакате да го средите проблемот, бидејќи на крајот од денот вие нема ни да се памтите за што сте се карале, но со сигурност сè уште ќе чувствувате колку сте се потрудиле за да ја направите ситуацијата подобра.

Решавањето на проблемот не е толку во справувањето со моменталната ситуација, колку што е до поправање на далечината која настанала со самото несогласување.

4. Познавајте го внатрешниот свет на вашиот партнер

Ние живееме во нашите глави многу повеќе отколку што мислиме, па токму затоа учиме како да ги прифаќаме сите оние значења на разни настани и семејни ритуали, започнувајќи од зборови па сè до гестикулации. Нивното значење создава симболичен свет во вашето размислување, свет кој најчесто е непознат за вашиот партнер. Токму затоа многу често конфликтите настануваат поради значењето на одредени ситуации кое го имате во вашата глава, додека реалната ситуација надвор од вас е комплетно запоставена.

За вашата врска да може да цвета, вие мора да ги знаете најважните делови од тој внатрешен свет на вашиот партнер, како и соништата кои тој/таа ги има за својот живот и за љубовната врска. На многу луѓе им е тешко да ги искажат своите соништа, па токму затоа партнерите често покажуваат љубов преку барањето лажна надеж која се крие зад расправиите. Како што почнувате да учите сè повеќе за внатрешниот свет на вашиот партнер, така вие почнувате и да ги делите овие значења и соништа. Откако ќе се случи тоа, вие ќе почнете да си помагате меѓусебно за да ги остварите вашите аспирации и цели во животот.

Клучот за среќата во врските е знаењето на вашите внатрешни значења и симболи, откривањето на соништата во рамките на конфликтите, како и создавањето нови и свежи заеднички значења и соништа во вашата љубовна врска.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар