4 навики коишто ќе ви помогнат да се „одглавите“ и да ја зголемите вашата среќа

4 навики коишто ќе ви помогнат да се „одглавите“ и да ја зголемите вашата среќа

Дали се чувствувате заглавено во животот? Можеби бизнисот не ви оди најдобро, вашата фитнес рутина речиси и да не постои, или пак навистина ви е здодевно на работното место. Сето ова е природно. Луѓето треба да напредуваат, па можно е да чувствувате како да полудувате ако долго време сте на исто место.

4 навики коишто ќе ви помогнат да се „одглавите “ и да ја зголемите вашата среќа

Ако се чувствувате заглавено, најчесто тоа е поради две причини:

  • Одново и одново ги имате истите мисли.
  • Постојано ги имате истите навики кои ги создаваат истите мисли.

Ова е циклус кој може да предизвика вистински хаос во вашиот живот ако трае подолго време. Ако сакате да бидете посреќни и да се чувствувате исполнето, потребно е да си поставите цели и да почнете да се движите кон нив. Еве како да го направите тоа.

1. Создајте моќна утринска рутина

Постојаната моќна утринска рутина е најчестата навика на успешните луѓе и може навистина да ви го промени животот. Ако се чувствувате заглавено, голема е веројатноста да не се будите секој ден според ваши правила. Наместо да се будите доцна и да брзате за на работа, преземете ја контролата над вашето утро со некои од овие ритуали.

  • Пишувајте во дневник за разјаснување на работите. Постојат многу причини да водите дневник, но ова е една од најважните. Секое утро поминувајте 5-10 минути пишувајќи за вашите краткорочни и долгорочни цели. Обидете се да создадете јасна слика за она што сакате да го постигнете денес, оваа недела и овој месец. Пренесувањето на мислите на хартија ќе ви помогне да добиете нови идеи, да го испланирате денот и да сфатите кои се вашите најкомплексни проблеми. Секоја вечер пред спиење запишете ги проблемите кои не сте можеле да ги решите за вашата потсвест да може да работи на нив додека спиете. Дури и ако вашиот свесен ум спие, потсвеста е будна и се обидува да ви помогне да ги постигнете и најголемите желби.
  • Практикувајте дневна медитација. Медитацијата е навика што ќе ви помогне да се фокусирате кога се чувствувате заглавено. Без разлика дали ќе седите во тишина или ќе користите некоја апликација, уживајте во времето поминато со себе. Дури и ако медитирате само 10-тина минути дневно, тоа ќе ви биде доволно да станете свесни за вашите мисли.
  • Визуализирајте ги целите како постигнати. Не заборавајте дека се чувствувате заглавено бидејќи немате никаков прогрес. Не сте близу до постигнување на целта, а можеби и немате никаква цел. Наутро замислете ги вашите цели како постигнати. Одвојте неколку минути и размислете како ќе се чувствувате кога желбите ќе ви станат реалност. Колку подетална е замислата, толку подобро.

2. Целете кон постојано учење

Ако сакате да ја надминете сегашната состојба, потребно е да пробувате нови нешта. Наместо да седите дома и да гледате телевизија, почнете да читате или да слушате некое мотивациско видео. Кога постојано учите, постојано созревате и нема да се чувствувате заглавено. Најлесниот начин да почнете со ова е читање книга секое утро и вечер по 10-15 минути. Истражувањата покажале дека просечната личност чита една книга годишно, но успешните луѓе читаат и до 60 книги за истото време. Ако не сакате да читате, денес постојат многу аудио верзии од вашите омилени книги.

3. Опкружете се со позитивни луѓе

Друго нешто што прави да се чувствувате заглавено е дружењето само со истите луѓе. Ова не е проблем ако тие луѓе се инспиративни и ве мотивираат, но реалноста често е друга. Запомнете, луѓето со кои поминувате најмногу време имаат големо влијание на вашето расположение, перформанс и мотивација. Ако вашиот внатрешен круг не ви помага, не плашете се да излезете од удобната зона и да запознаете нови луѓе. Опкружете се со истомисленици коишто можете да ги најдете и на Интернет.

4. Направете нешто многу поразлично

Понекогаш треба да му приредите вистински шок на вашиот систем. Направете нешто целосно поразлично од вашата секојдневна рутина. Ова може да биде нешто сосема мало како нова рутина за вежбање, утринска јога или утринско џогирање. Може да биде и неочекуван одмор или скокање со падобран. Најважно е да создадете ново опкружување, да пробувате нови нешта и да создавате нови искуства.

Преземете нешто уште денес

Ако сакате да излезете од циклусот и да ја зголемите вашата среќа, мора да преземете нешто. Можеби ќе ви биде непријатно и ќе треба да ја напуштите удобната зона, но тоа е сосема во ред. Потребно е да сакате да ги промените вашите навики, рутини и опкружувања за да создадете задоволство, среќа и чувство на исполнетост.

Откријте кои се едноставните навики што можат да ви го подобрат и најлошиот ден.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар