4 навики кои ве прават несреќни
Сите ние развиваме навики уште во нашите најрани години. Кога одредени активности ќе резултираат со некаков вид добивка, ние свесно или несвесно го повторуваме тоа однесување и со тек на време го зацврстуваме. Тоа станува дел од нашата секојдневна рутина и многу е тешко да се промени. Навиките можат да бидат исто толку добри, колку и лоши. Одредени шеми на однесување овозможуваат повеќе здравје, среќа и успех, додека пак други, имаат сосема спротивен ефект. Голем дел од овие лоши навики ние можеби и не ги детектираме како негативни, но тие сепак влијаат врз нас и нашата среќа. Погледнете ги најчестите 4 навики кои ги прават луѓето несреќни…
1. Претерано мечтаење за добрите нешта
Точно е дека никогаш не е доволно кога станува збор за добри нешта. Токму затоа вие можеби сте развиле здрава навика со добри намери, но доколку не внимавате таа може да се претвори во опсесивно и опасно однесување. Доколку претерано се грижите за вашиот здрав режим на исхрана или за вежбањето, вие можете негативно да влијаете врз вашата среќа. Не е страшно ако одвреме-навреме пропуштите еден час по јога. Не ги заменувајте потенцијално добрите чувства со вина, анксиозност, обвинување и осудување.
Среќата е дејство кое балансира и како што Оскар Вајлд еднаш кажал, сѐ е во умереноста, вклучувајќи ја и умереноста.
2. Држење за минатото
Сигурни сме дека вашите вредности, морал и интереси се многу различни од оние кои сте ги имале пред 10-тина години. Дали ги направивте потребните промени за да бидете во чекор со вашиот нов начин на размислување? Дали се уште се обидувате да бидете истата личност како кога бевте помлади, со тоа што очајно сѐ држите покрај истите луѓе за кои сте свесни дека веќе не ви одговараат? Дали е можно да им дозволивте на вашите рутини целосно да се оттргнат од вашите вредности?
Размислете на кој начин овие врски, без разлика дали станува збор за пријателски или љубовни, влијаат врз вас и вашата личност. Личностите со кои го поминувате вашето време имаат огромно влијание врз вашата личност во моментов, но и врз личноста која ќе станете. Доколку одредени пријателства или љубовни врски влијаат негативно или нездраво врз вас, можеби е време да им ставите крај. Во ред е да признаете дека сте се смениле и дека повеќе не го добивате она што ви е потребно од оние кои ги сметате за најблиски. Не се плашете да запознаете нови луѓе. Ќе се изненадите колку позитивно можат да влијаат истомислениците врз вашиот животен стил.
3. Отпорност на промени
Сите ние се бориме против промените како гладијатори. Но, реалноста е дека едноставно не можеме да ги избегнеме. Токму затоа мора да сфатите дека оние нешта врз кои не можете да влијаете, најдобро би било доколку ги прифатите.
Прифаќањето на промените ќе ви помогне да се опуштите и полесно да можете да се справувате со нештата кои допрва ќе се испречат на вашиот пат. Обидете се да се убедите себеси дека мора да се адаптирате на оние промени врз кои немате контрола, со цел да имате доволно енергија да ги контролирате оние нешта врз кои имате влијание.
4. Купување работи кои мислиме дека ќе нѐ направат среќни
Можеби мислите дека телевизор со поголем екран ќе ве направи посреќни. Но, и покрај тоа што самото купување може да ви овозможи моментално интензивно задоволство, долготрајниот стрес од секојдневниот живот ќе успее да најде начин да ве спречи во ова уживање и да го додаде дополнителниот трошок на листата со проблеми кои ви предизвикуваат анксиозност.
Доколку барате среќа во материјалните нешта, вие никогаш нема да можете да почувствувате целосна исполнетост, па токму затоа обидете се да ја смените целосно оваа навика. Сменете го начинот на кој размислувате кога сте под стрес, сменете го вашето однесување и направете место за нови можности и промени.