4 навики кои ќе ви помогнат да го одржувате вашето здравје во студените зимски денови

4 навики кои ќе ви помогнат да го одржувате вашето здравје во студените зимски денови

Со ниските температури и снеговите можеме слободно да кажеме дека зимата неофицијално започна. Доколку сакате да останете здрави и во најстудените зимски денови, погледнете ги наредниве неколку навики кои ќе ви помогнат да се одбраните од голем број настинки и болести.

1. Пијте многу вода

Доколку не пиете доволно вода, не само што ќе почнете да страдате од намалена енергија туку исто така и ќе го спречите вашето тело да се прочистува од најразлични бактерии, вируси и токсини кои се вдомуваат во него. Но, колку течност му е потребна на организмот за да може редовно да се прочистува од овие несакани „посетители“? Секако, тоа зависи од вашата тежина, но во просек би требало да пиете од 2 до 3 литри вода секојдневно.

4 навики кои ќе ви помогнат да го одржувате вашето здравје во студените зимски денови

Вашиот примарен извор на течности би требало да биде водата. Доколку редовно пиете кафе или чај, имајте на ум дека овие пијалаци имаат обратен ефект – тие ве дехидрираат и токму поради тоа би требало да надоместите со поголемо количество вода.

2. Ограничете го количеството на шеќер кое го внесувате во телото

Еден од најважните чекори кои можете да ги преземете при останувањето здрави е да го ограничите шеќерот кој го внесувате во вашето тело. Многу студии покажале дека преголемите количини на шеќер се многу лоши за вашето здравје бидејќи тој не само што ве прави поранливи на настинки и вируси туку го зголемува и ризикот од посериозни болести кои во некои случаи можат да бидат и смртоносни.

4 навики кои ќе ви помогнат да го одржувате вашето здравје во студените зимски денови

Постојат неколку начини на кои можете да го намалите количеството на шеќер кое го внесувате во себе, а некои од нив се со намалување на газираните пијалаци и десертите. Исто така не заборавајте дека ова правило важи и за вештачките шеќери, па доколку преминете на „light“ пијалаци единственото нешто што ќе успеете да намалите е само бројот на калории.

3. Активирајте се

Обидете се да си создадете навика да станувате од вашата работна маса на секој час и да се протегнете или пак, навечер кога ќе дојдете дома не се „вгнездувајте“ на каучот туку почнете да правите нешто што ќе го забрза вашето срце и ќе ги активира вашите мускули. Средете го шкафот, поминете со правосмукалка, избришете прашина или доколку е убаво времето направете еден круг околу вашата зграда или куќа.

4 навики кои ќе ви помогнат да го одржувате вашето здравје во студените зимски денови

Доколку сте редовно активни вие ќе бидете поздрави и однадвор и однатре. Со други зборови, колку повеќе сте во форма толку посилен ќе биде вашиот имунитет. Токму затоа многу е важно да најдете време и за вежбање. Не мора тоа да го правите секојдневно, за почеток дури и еден ден во неделата може да направи огромна разлика за вашето здравје.

4. Одвојте време за ослободување од стресот

Доколку не го елиминирате редовно стресот од вашето тело и му дозволувате постојано да се насобира, вие не само што ќе станете многу нетрпеливи и лошо расположени, туку ќе имате и потешкотии во борбата со настинките и болестите. Во најлош случај, екстремниот стрес кој подолго време се собирал во вас може да резултира и со срцеви проблеми, па дури и смрт.

(4) 4-naviki-koi-kje-vi-pomognat-da-go-odrzhuvate-vasheto-zdravje-vo-studenite-zimski-denovi-www.kafepauza.mk

Погледнете кои активности можат да ви помогнат во борбата против стресот:

  • Читајте одлична книга во која ќе можете да се изгубите
  • Уживајте во пенлива бања со ледено вино и смирувачка музика
  • Одете на прошетка рака под рака со личноста која ја сакате
  • Приклучете им се на вашите деца во играњето криенка
  • Медитирајте или едноставно седете во тишина и дозволете си на себе да дишете
  • Јавете се кај вашиот најдобар пријател и дозволете му/ѝ како и секогаш да ви помогне да се чувствувате подобро

Секако оваа листа е бесконечна, но и различна за различни луѓе. Обидете се да најдете нешто коешто вам најмногу ќе ви одговара и почнете тоа редовно да го правите за да можете да му олесните на вашето тело да се бори против болестите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар