4 научни совети како да ги остварите вашите соништа

4 научни совети како да ги остварите вашите соништа

Многумина од нас брзо се откажуваат од некоја цел, диета или режим за вежбање на кои сме се посветиле. Често, тоа го правиме бидејќи се сметаме за неспособни да продолжиме понатаму. Но, постои научна причина поради ова губење на волја кое се нарекува „замор на самоконтролата“. Добрите вести се тоа што истражувањата покажуваат дека остварувањето на нашата цел не мора да биде тешко.

4 научни совети како да ги остварите вашите соништа

Во една студија за проверка на силата на волјата, направена под раководство на психологот Рој Баумастер, истражувачите испекле чоколадни колачиња и лабораторијата се исполнила со слатка арома. Потоа ги донеле и испитаниците. На некои од нив им било речено да ги изедат чоколадните колачиња, а некои од нив требало да јадат по неколку ротквици и покрај фактот што пред нив се наоѓале колачињата и мирисот којшто ги опкружувал бил неодолив.

Потоа, на двете групи им била доделена една задача која требало да ја решат, меѓутоа не им било кажано дека таа била нерешлива. Истражувачите заклучиле дека оние испитаници кои ја притискале својата самоконтрола побрзо се откажале од барањето решение на проблемот, во споредба со оние испитаници кои ги изеле чоколадните колачиња, кои, пак, ја решавале задачата до самиот крај.

Се поставува прашањето зошто е тоа така? Самоконтролата нѐ исцрпува. Колку повеќе ја користиме, толку помалку ја имаме. Истражувачите откриле дека самоконтролата дури и го намалува шеќерот во крвта и затоа понекогаш имаме желба да се разбудиме во ноќта и да побараме нешто благо. Самоконтролата се троши како што денот поминува. Од рано наутро, па сѐ до доцна навечер ние се обидуваме да го извлечеме најдоброто и:

1. Ги контролираме своите импулси: Ова значи дека го фокусираме и задржуваме вниманието на нашата работа, наместо да правиме работи кои ни го одвлекуваат тоа внимание, како проверувањето на социјалните мрежи или средбите со пријателите.

2. Го контролираме нашиот перформанс: Ова значи дека се трудиме да го дадеме најдоброто од себе, и покрај тоа што се чувствуваме уморни.

3. Го контролираме однесувањето и емоциите: Ова значи дека се обидуваме да го задржиме професионализмот дури и кога работната атмосферата е непријатна.

4. Ги контролираме мислите: Ова значи дека се трудиме да се фокусираме на работата и покрај нашите мисли и фантазии.

4-nauchni-soveti-kako-da-gi-ostvarite-vashite-sonishta

За да ги избегнете овие нешта, во продолжение прочитајте ги 4-те научно поткрепени начини како да не дозволиме заморот да ни ја сруши волјата.

1. Запомнете, утрото е златно

Самоконтролата е посилна наутро, бидејќи сме имале цела ноќ да ја обновиме. Тоа значи дека ако сакаме повеќе да вежбаме, да почитуваме некоја диета или да завршиме некој проект, најдобро е да ги направиме во утринските часови, бидејќи така ќе постигнеме подобри резултати.

2. Контролирајте ја енергијата со тоа што ќе бидете смирени

Да бидеме смирени значи да бидеме посилни. Истражувањата покажуваат дека голем број луѓе претпочитаат „високо интензивни“ емоции како возбуда или стрес. Размислете: Луѓето пијат кафе и чекаат до последната минута да ги направат работите, бидејќи зависат од адреналинот. Но, последицата од возбудата и стресот е замор, а колку што сме поуморени, толку помала самоконтрола ќе имаме. Затоа треба да ја организираме енергијата и да си ги „полниме“ батериите на време.

3. Опуштете се во другите сфери на вашиот живот

Не обидувајте се да ја истрошите својата самоконтрола во многу сфери во животот, одеднаш. Држете го темпото лесно и релаксирано за да не бидете изморени преку целиот ден. Изберете каде да ја насочите вашата самоконтрола и каде таа е важна.

4. Фокусирајте се на крајната цел

„Кога работиме на оние нешта на кои навистина сакаме да работиме, тогаш помала е веројатноста да се истрошиме“, вели неврологот Елиот Беркман.

Тој аргументира дека ако запаметиме која е нашата крајна цел, тогаш можеме да ја најдеме потребната енергија за да ја вложиме таа самоконтрола.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар