4 намирници кои не треба да ги купувате замрзнати

4 намирници кои не треба да ги купувате замрзнати

Денес имате разноразни опции кога станува збор за замрзната храна, не само сладолед и готови колачи, туку и други јадења, овошје, зеленчук… Но, дали е добра идеја да се купи таков производ? Во продолжение прочитајте кои намирници никогаш не треба да ги купувате замрзнати.

4 намирници кои не треба да ги купувате замрзнати

Леб

Иако е полесни да се купи замрзнат леб што само го печете или одмрзнувате додека не се подготви , не треба да го правите тоа бидејќи составот на лебот се менува кога ќе се замрзне. Веќе не ги содржи хранливите материи што вообичаено би ги добивале од лебот. Подобро купувајте свеж леб и купувајте го почесто или бидете храбри и обидете се самите да го испечете. Ќе видите дека не е толку тешко како што изгледа.

Јагоди

Според експертите за храна, ако сакате да направите рецепт кој вклучува јагоди, не купувајте ги замрзнати. Десертот може да не успее, или бобинките да не имаат вкус како што очекувате. Поради нивниот состав, тие се презаситени со вода и почнуваат да се распаѓаат кога ќе се замрзнат. Секако, најдобро е да купите свежо сезонско овошје, но ако веќе сте купиле замрзнати јагоди, од нив направете мармалад кој можете да го додадете во палачинки

Плескавици

Сигурно ви се случило да подлегнете на искушението и да купите замрзнати плескавици за вашиот домашен хамбургер. Сепак, подобро е да ги подготвите сами од свежо мелено месо. Додадете зачини по вкус, пропржете ги и веќе е готов ручекот. Готвачите велат дека замрзнатите плескавици имаат многу лош вкус.

Брокула

Можеби сте забележале дека замрзнатата брокула е кашеста откако ќе ја загреете. Станува збор за зеленчук кој го губи вкусот кога е замрзнат, а што е уште полошо, губи многу хранливи материи.

Откако прочитавте кои видови намирници не смеете да ги купувате замрзнати, можеби ќе сакате да прочитате и како да знаете дека храната дома не ви е расипана.

Извор: citymagazine.danas.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар