4 најголеми митови за дебелеењето
Скоро и да не постои жена која барем еднаш во животот не пробала да држи диета или пак да почитува некои совети кои ѝ ги дале нејзините другарки или нивните нутриционисти. Јади го ова, ама не во секој период од денот, пази на ова, бидејќи не одговара на твојата крвна група, внимавај со внесувањето на ова, бидејќи можат да настанат вакви проблеми и така до бескрај. Сигурно се прашувате како да се снајдете во џунглата на информации? Ова се 4 најголеми митови поврзани со дебелеењето.
Јадете на 3 часа за да не го забавите метаболизмот
Ако неколку часа чувствувате глад не значи дека го огладнувате телото, бидејќи за тоа би ви биле потребни цели три дена со минимално внесување храна. Исто така доколку сакате да го одржите нивото на шеќерот во крвта на нормално ниво, не морате да јадете на секои 3 часа. Затоа, доколку чувствувате глад и посегнете по некоја коцка чоколадо, не значи дека од тоа ќе се здебелите.
Не јадете касно, бидејќи од тоа ќе се здебелите
Консумирањето храна по 20 часот нема да влијае поразлично од оброкот кој сте го внеле неколку часа порано. Истражувањата покажуваат дека е важно колку калории сте внеле во организмот, а не во кој период од денот.
Кофеинот лош за вашето здравје
Многуте тврдења дека кофеинот е штетен за вашето здравје не се вистинити. Популарните пијалаци и напитоци кои содржат кофеин нема да го дехидрираат вашето тело, не се лоши за вашето срце и не предизвикуваат мозочен удар. Нормално доколку не се консумираат во огромни количини. Кофеинот има многу корисни дејства. Тој ја стимулира работата на мозокот, а истражувањата покажуваат дека делумно штитат од Паркинсонова и од Алцхајмерова болест.
Пилешкото е најздраво месо
Ова е уште една невистина. Едно парче телешко или свинско месо може да биде исто толку лесно и корисно, колку и белото месо од пиле или мисирка. Чистото црвено месо содржи двојно повеќе цинк, железо и витамин Б12, за разлика од пилешкото и мисиркиното месо. Како и за сè друго, бидете умерени во консумирањето.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Интересни совети,благодарам.
Но, и јас имам еден совет за вас: тоа на последната слика не е пиле,туку гуска,има разлика во животните.. ;-))