4 начини на кои татковците ги учат ќерките да бидат силни

4 начини на кои татковците ги учат ќерките да бидат силни

Постои посебна врска помеѓу татковците и ќерките. Иако, најчесто фигурата на мајката се поврзува со стекнувањето одредени вредности кај девојчињата, никако не треба да се изостави и огромното влијание на таткото врз оформувањето на нивниот карактер. Таткото има посебно значајно место во воспитувањето на ќерките и нивното формирање во независни и силни млади жени.

(1) 4 начини на кои татковците ги учат ќерките да бидат силни

Татковците можат да ги научат своите ќерки на многу нешта, а еве некои од нив:

1. Постојано да тежнеат кон остварување на своите цели

Татковците можат да ги научат своите ќерки колку е важно постојано да си поставуваат цели и да не се откажуваат на патот кон нивното постигнување. Без оглед дали станува збор за образованието, кариерата, љубовниот живот… Татковците кои ќе успеат да развијат близок и пријателски однос со својата ќерка, можат многу да ѝ помогнат при донесувањето исправни одлуки и при трасирањето на патот кон успехот. Прекрасно е чувството кога знаете дека таткото е секогаш тука за логистичка и морална поддршка.

2. Важноста на грижата за себе и своето здравје

Во семејствата каде што има ќерки, особено во оние каде што таткото е единствената машка фигура, ретко постојат женски табу теми. Таткото најчесто е запознаен со сите женски прашања. Затоа, кога станува збор за здравјето, физичко или ментално, татковците секогаш се грижат за своите ќерки и ги потсетуваат на тоа колку е важно да се грижат за себе. Преку квалитетен однос, во кој нема табу теми, ќерките можат многу да научат од своите татковци. Кога станува збор за здравјето и за грижата околу себе, не постојат табу теми, а посветените татковци тоа најдобро го знаат.

(2) 4 начини на кои татковците ги учат ќерките да бидат силни

3. Традиционалната улога на половите е минато време

Современиот свет ги урива границите меѓу половите, а традиционалната улога на мажите и на жените се менува. Ако порано работите и обврските се делеле исклучиво на машки и женски, сега живееме во време кога нештата имаат сосема друга димензија. Татковците можат да бидат одличен пример пред своите ќерки и да им покажат дека миењето садови, пуштањето машина за перење алишта, пеглањето, како и готвењето не се единствено женски обврски. Татковците кои немаат ограничени сфаќања и кои не ги делат обврските и улогите на машки и женски, се добар пример за своите деца. Со тоа тие ги учат на едни нови вредности кои ќе им помогнат при изборот на својот партнер – ќерките ќе бараат човек кој во сите работи ќе биде покрај нив, а синовите ќе го следат примерот на своите татковци и ќе бидат прекрасни сопрузи и родители, подготвени да помогнат во секоја ситуација.

4. Секогаш да бидат свои

Децата, најважните животни лекции ги учат дома, од своите родители. Во семејството се создава основата на секоја личност, врз којашто таа продолжува да го гради својот живот. Доколку таткото и мајката имаат еднаква улога во воспитувањето на своите деца, тие ќе можат од двајцата родители да ги усвојат најдобрите навики и животни лекции. Многу е важно, секој член на семејството да има право на свое мислење и да има можност тоа да го искаже јасно и гласно, без да биде осудуван или критикуван. Татковците ја имаат можеби најважната улога во охрабрувањето на своите ќерки да бидат секогаш свои. Нивното одобрување е исклучително важно за ќерките уште од најмали години, а тоа се провлекува и во текот на сиот живот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Книжевник, новинар, сонувач... Го обожува утринското кафе без шеќер. Верува дека убавите нешта се кријат во мали и едноставни пакувања.

Поврзани содржини

Остави коментар