4 начини на кои се саботираме самите себеси
Добро е познато дека во одредени ситуации може да се јави она мало ѓаволче на рамото и на нашите мисли да им даде непосакувана насока. Кои се тие непријатели што се кријат во секој од нас и кои го движат процесот на саботирање на самите себеси?
Избегнување на лошите чувства
Избегнувањето на лошите чувства води до уште полоши. Понекогаш, во обидот да си помогнеме против негативните емоции, ние всушност успеваме да си нанесеме само штета.
Во ситуација кога некој се чувствува осамен, почесто бара од блиските да му покажат дека сè уште им значи, а кога ќе се претера, тоа може да ги оттргне другите луѓе од него и да дојде до вистинска осаменост.
Друг начин на избегнување на лошите чувства е наоѓање на утеха во храната, по што доаѓаат проблемите со телесната тежина и здравјето. Во ваков случај најдобро е да се соочиме со вистинскиот интензитет на лошите чувства за тие што побрзо да исчезнат.
Одложување на обврските
Кога имаме намера да направиме нешто што ни причинува тешкотија, најлесното решение е тоа да се одложи со изнаоѓање некаков изговор. Кога некој ќе реши од денес да почне да вежба, тоа ќе го одложува до секој нареден понеделник затоа што е уморен од нешто друго, а тоа е еден од начините да си оневозможи себеси да стигне до остварувањето на својата крајна цел во обидот да го избегне напорот од вежбањето. Во ваков случај, неопходно е да се научи како да се престане со одложувањето на обврските.
Претерана скромност
Иако скромноста важи за позитивна вредност, претерувањето со неа треба да се сфати во негативен контекст. Поради воспитувањето дека треба постојано да се докажуваме пред околината, настапува претерано скромното гледање на сопствените вредности, односно ниска самодоверба, со што се лишуваме од многу можности кои ни излегуваат во пресрет. Исто така, ова луѓето го прават и со цел да избегнат да бидат посочени како егоисти, поради што дури целосно ги негираат своите квалитети.
Зависност
Зависноста најчесто започнува како начин да се избегнат негативните емоции. Тоа е доста едноставна форма на бунт против одредени пречки во остварувањето на целите. На пример, еден тинејџер може да почне да пие за да се бунтува против претераната рестриктивност на неговите родители. Иако неговата цел не е да си нанесе штета со алкохолот, тој сепак ја саботира својата потреба да напредува во животот во обидот да им даде до знаење на родителите дека му пречат во остварувањето на неговите цели.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.