4 начини на кои мрзливоста всушност може да ви помогне во животот
Дури и најголемите бизнисмени имаат денови кога не работат ништо. Речиси сите веруваат во лагата дека треба да работите секоја минута од денот за да го добиете она што го сакате. Ова не значи дека сите треба постојано да бидеме мрзливи, туку едноставно потребно е да имаме и по некој мрзлив ден. Ако мислите дека сте личност којашто никогаш не е мрзлива, тогаш се лажете себеси. Понекогаш мрзливоста е навистина добра и еве на кои начини ви помага во животот.
1. Контемплација
Дали некогаш сте се туширале и сте останале под туш подолго од десетина минути? Тогаш сте имале момент на мрзливост. Дали сте седеле на креветот без да правите нешто половина час? Сте имале уште еден момент на мрзливост. Дали сте отишле по кафе и само сте го гледале навистина долго? Токму така, повторно момент на мрзливост. Сега размислете, колку биле јасни вашите мисли за време на овие периоди на мрзливост? Најверојатно одговорот е многу.
Причината е што во моментите кога сме мрзливи, ние размислуваме најдобро. Кога сте мрзливи можете да се „исклучите“ од следењето на целта и да размислите добро што всушност правите. Ако постојано сте во движење, никогаш нема да имате време да размислите за целата стратегија.
Повеќето од нас го минуваат животот постојано бркајќи ја целта, но никогаш не размислуваме што правиме и зошто. Ако одвоите време да бидете мрзливи ќе имате време да забележите што навистина се случува во вашиот живот и ќе знаете што треба да промените.
2. Длабоко размислување
Можеби сте забележале дека кога сте мрзливи ви се откриваат и најдлабоките мисли. За длабоко размислување ви е потребна состојба на умот во која сте ослободени од телефонот, Интернетот и другите нешта што ви го одвлекуваат вниманието. Јасното размислување се случува кога сте мрзливи. Во овие моменти вашиот ум се чувствува слободен и може да прави сè што ќе посака. Вашиот ум не се обидува да биде присутен, креативен или да реши уште некој проблем. Вашиот ум не прави ништо и дури тогаш можете да размислувате навистина длабоко.
А длабокото размислување е навистина потребно. Кога сте мрзливи и не правите ништо можете да избегате од социјалниот притисок и навистина да размислите за себе.
3. Продуктивноста станува работа без фокус
Спротивно на мрзливоста е продуктивноста. Додека луѓето се зафатени со работа и размислуваат за тоа колку се ефикасни благодарение на технологијата, тие всушност ја намалуваат нивната продуктивност. Тие работат без фокус и се опкружени со нешта што им го одвлекуваат вниманието.
Разликата кај мрзливоста е тоа што му дава простор на умот да се релаксира. Релаксираниот ум може да работи пофокусирано и покреативно. Кога сте под стрес, вие не работите со полн потенцијал и само се обидувате да стигнете до крајот на долгата листа со обврски.
4. Мрзливоста се претвора во продуктивност
Кога ќе си дозволите да бидете мрзливи, си отворате простор за нови идеи. Можеби ќе најдете и нов пристап кон решавање на некој проблем. Кога сте мрзливи и не размислувате за работата, ќе се вратите попродуктивни од кога било. Вашата мрзливост ќе се претвори во продуктивност благодарение на креативноста.
Искористете ја мрзливоста за да размислите за она што е важно, а потоа делувајте
Користењето на мрзливоста како алатка е одлично, но немојте да го користите ова како изговор да седите и да не правите ништо. По некое време, најдобро веднаш по мрзливиот период, сепак ќе треба да ја завршите работата што ја имате. Мрзливоста без никакво делување нема да ги даде посакуваните резултати. Периодите на мрзливост проследени со работа се она кон коешто треба да целите.
Не плашете се да бидете мрзливи
Кога следен пат ќе се почувствувате мрзливо, немојте да бидете гневни за тоа. Имајте на ум дека потоа ќе добиете некои од вашите најдобри идеи. Не плашете се да бидете мрзливи одвреме-навреме. Не може секогаш да работите со полна пареа. Понекогаш е потребно да се „исклучите“ и да ги наполните вашите батерии.
Доколку сепак сметате дека мрзливоста ви претставува проблем, обидете се да ја надминете со овие совети.