4 начини на кои можете културно да сместите некого во „пријателската зона“

4 начини на кои можете културно да сместите некого во „пријателската зона“

Многу често пријателската зона се смета за негативна и луѓето ја сфаќаат како непријатен гест. Дури и покрај тоа што навистина може да боли да бидете сместени во оваа зона, сепак понекогаш е неопходно. Многу е подобро да бидете пријатели со личност која нема исти чувства кон вас отколку тој или таа намерно да си игра со вас. Па, доколку сте човек со срце, тогаш сигурно не сакате да повредите никого. Во тој случај, погледнете ги следниве 4 начини на кои можете културно да сместите некого во пријателската зона.

4 начини на кои можете културно да сместите некого во „пријателската зона“

1. Давајте суптилни, но очигледни знаци

Можеби не сакате да му/ѝ кажете дека ве потсетува на вашите брат или сестра или пак, да му/ѝ зборувате за друга личност која ви се допаѓа, но тоа не значи дека не постојат суптилни, но сепак очигледни знаци кои можат да му/ѝ покажат дека не сте заинтересирани. На пример, ако тој или таа ви даде комплимент, наместо да се натерате да возвратите со иста мера, едноставно кажете им „Благодарам“. На овој начин ем не им давате погрешна идеја, ем сте културни кон нив. Тие брзо ќе сфатат кон што целите.

2. Секогаш предложувајте групно дружење

Доколку навистина сакате да поминувате време со оваа личност, без тој или таа да ве сфати погрешно, тогаш погрижете се секогаш да бидете опкружени со други луѓе. И покрај тоа што е прифатливо пријателите да се дружат и еден на еден, сепак би било многу подобро да предложите групно дружење доколку се сомневате дека му/ѝ се допаѓате. Ова е еден од најбрзите и најлесните начини да сместите некого во пријателската зона, на фин начин.

3. Не ја игнорирајте оваа личност, но исто така и не му/ѝ давајте лажна надеж

Доколку тој или таа ви праќаат многу пораки, не бидете онаа личност која едноставно престанува да одговара. Дури и покрај тоа што изгледа како добар начин да му дадете некому до знаење дека не сте заинтересирани, сепак така и ќе го/ја повредите. Вие сè уште може да разговарате, но треба да научите како да го направите тоа без да му/ѝ давате погрешна идеја. На пример, ако добиете додворувачка порака, наместо да не одговорите, сменете ја темата со поставување прашање. На тој начин тие ќе сфатат дека го одбегнувате флертот.

4. Бидете искрени

И покрај тоа што сите овие идеи ќе ви помогнат културно да сместите некого во пријателската зона, сепак најважното нешто што треба да го имате на ум е дека треба да сте искрени. Едноставно разговарајте со него или неа лице в лице и објаснете им дека ги гледате само како пријатели. Ова е можеби најтешкиот избор од овие чекори, но исто така е и најзрел. Кажете му/ѝ дека ги забележувате нивните емоции и дека сте поласкани, но дека едноставно не се чувствувате на истиот начин кон нив.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар