4 начини на кои можете да се справите со ненадејните промени на временските температури
После „зимскиот сон едвај сте го дочекале будењето со температурите над нулата, но наместо активен ден во природа, главоболката ве привлекла за креветот. Ненадејното нагло зголемување на температурите од студено кон топло или обратно влијаат на притисокот, срцето и циркулацијата, што во крајна линија може да предизвика главоболки. Чувството на немоќ кога болките ќе ви ги променат плановите, заменете ги со советите кои ви ги даваме и со тоа престанете да бидете роб на метеоропатијата.
1. Следете ја временската прогноза
Како што секое утро пред излегување проверувате каква е температурата за да донесете одлука што ќе облечете, така проверете дали радикално се разликуваат утринските и дневните температури за да го подготвите телото за она што доаѓа. Ако сте чувствителни на промената на времето, при првите симптоми на главоболка можете да земете парецетамол и да продолжите со извршувањето на секојдневните обврски.
2. Излезете во природа и активирајте се
Кој било облик на телесна активност во траење од половина час дневно, ќе го направи вашиот организмот постабилен и поотпорен на временските промени. Уште е подобро ако физичката активност се одвива во природа на чист воздух. Сеедно е дали сте се одлучиле за брзо пешачење или сте дел од активен групен тренинг, активностите во природата ќе ви помогнат да се ослободите од стресот и да се чувствувате подобро, а заедно со тоа може да ги намалат и шансите за појава на главоболка.
3. Нека вашата исхрана биде разновидна и полна со витамини
Здравата и правилната исхрана богата со овошје и зеленчук е добар предуслов за ублажување на негативните последици од времето. Со разновидната исхрана важно е и редовно внесување вода, по можност збогатена со кислород. Се препорачува дневно внесување од 2 до 3 литри, во зависност од полот и активностите.
4. Заменете го кафето со чаеви
За полесно да се носите со метеоропатијата, можете да побарате помош и од различни билни напивки или пак, да се заштитите така што ќе го збогатите секој оброк со додатоци за исхрана. Билните чаеви како што се камилицата, кучешкиот трн или лиметата помагаат при опуштање на нервите. Освен тоа што ќе уживате во разните мириси на природните чаеви, тие исто така ќе ви помогнат да ги пребродите ненадејните промени на временските температури со сладок вкус во устата.