4 начини на кои можете без грижа на совест да се ослободите од оние нешта кои не ви се потребни

4 начини на кои можете без грижа на совест да се ослободите од оние нешта кои не ви се потребни

Сите оние нешта кои не ви се веќе потребни, зафаќаат голем дел од вашиот простор во домот. Но, понекогаш без разлика на тоа колку многу сакате ова „ѓубре“ да исчезне, вие едноставно не можете да се натерате да го исфрлите од вашиот дом. Па, доколку чувствувате дека поседувате нешта кои би сакале да ги исфрлите, но не можете да го сторите тоа, погледнете ги овие совети кои ќе ви помогнат еднаш засекогаш да победите во оваа битка со себе.

4 начини на кои можете без грижа на совест да се ослободите од оние нешта кои не ви се потребни

1. Започнете со оние нешта кои најмногу ви пречат. Кога ќе одлучите да го нападнете нередот во вашиот дом, не го правете го тоа одеднаш. Почнете со мал агол од вашиот дом или шкаф и насочете се кон она што ви предизвикува најмногу стрес. Оние нешта кои секојдневно ве „бодат“ во очи се и оние кои ќе предизвикаат најголемо задоволство во вас доколку ги отстраните. Токму таа мотивација ќе продолжи да ве мотивира на понатамошно средување.

2. Идентификувајте го и променете го коренот на нередот. Свесно променете ја навиката која го предизвикува проблемот. На пример, наместо да имате огромна канта за ѓубре во вашиот дом, сменете ја со помала која ќе мора поредовно да ја празните. Идентификувајте ги вашите „критични“ однесувања и модификувајте ги на начин кој ќе предизвикува помалку неред во вашиот дом.

3. Борете се за вашата празна и слободна површина. Одржувањето на површините празни и чисти ќе ве заштити од лудилото и ќе ви помогне да постигнете мир и јасност во вашите мисли, како и во секојдневното однесување. Па, кога држите нешто во вашите раце, веднаш сместете го онаму каде што му е местото наместо да го спуштите било каде. Малку по малку, на овој начин ќе престанете да насобирате купчиња од нешта кои без потреба ќе ви зафаќаат простор и ќе ви оневозможат да ги користите овие места за оние нешта за кои тие се навистина наменети.

4. Подарувајте ги нештата кои не ви се потребни. Но, што ако ми притреба некој ден?“ Ова е мислата која најмногу ве спречува да ги исфрлите непотребните нешта од вашиот дом. За да го смените вашето размислување, наместо оваа мисла, запрашајте се дали доколку сте во моментов во продавница, би го купиле тоа. Ако одговорот е негативен, ослободете се од него. Но, не мора да ги фрлате нештата кои може некој друг да ги користи, па токму затоа стекнете навика да ги донирате во добротворни цели. На тој начин ем вие ќе се чувствувате полесно, ем тоа нешто може некому навистина да му притреба и помогне.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар