4 начини да ја спасите вашата сопруга од ужасниот ден
Таа со сигурност ќе ви биде благодарна. Ако сте како повеќето мажи, тогаш постојат моменти кога сакате вашата сопруга да доаѓа со упатство за употреба. Вие сигурно сте супер партнери кои навистина сакаат да им помогнат на своите сакани кога имаат лош ден. Сигурно сте се обиделе и да ги решите нивните проблеми, па дури и да го одвлечете нивното внимание од нив. Но, наместо да бидат благодарни, се чини дека вашите напори само ја влошуваат ситуацијата.
Прво мора да знаете дека нејзиниот лош ден не е поврзан со вас. Па оттука нема причина за фрустрации откако таа нема да се почувствува подобро и покрај вашите напори. Вашата сопруга ќе се врати во нормала многу скоро, дури и поскоро отколку што мислите ако ѝ понудите вистинска поддршка и љубов. Еве четири едноставни начини како лесно да го подобрите нејзиното расположение.
1. Прашајте ја дали сака да зборува за тоа што ја мачи
Ако сака, сослушајте ја, соживејте се со неа и во никој случај не обидувајте се да ја решите ситуацијата, освен ако таа не го побара тоа од вас. Па дури и тогаш само внимателно понудете предлози кои можат да ѝ помогнат.
2. Прашајте ја дали сака да биде сама
Понекогаш жените сакаат пауза од сѐ. Тоа значи дека можеби сакаат само да легнат во када со топла вода, да одат на масажа или педикир, да вежбаат или едноставно да бидат оставени на мира. Но тоа не значи дека мажите треба веднаш да ја напуштат куќата (освен ако таа не го побара тоа од вас). Тоа значи дека вие треба да се погрижите за нејзините обврски со цел да ѝ олесните, како и да се фокусирате околу децата, вечерата или кучето. Сѐ што требало таа да направи, направете го вие самите со цел да ѝ дозволите простор за себе.
3. Прегрнете ја
Нежноста и поддршката можат да помогнат многу при смирувањето на нејзините кревки нерви. Немојте да се изненадите ако најпрво е крута и ве одбива, а потоа едноставно почне да плаче. Набрзо таа ќе омекне во вашата прегратка. Само продолжете да ја држите нежно сè додека таа не се повлече.
4. Прашајте ја дали може некако да помогнете
Ако искрено го поставите ова прашање, големи се шансите дека ќе добиете вистински одговор. Но, без разлика на тоа што ќе ви го каже, направете сѐ за да ја поддржите. Не грижете се ако ги одбива сите ваши понуди првите неколку пати кога се обидувате да ѝ помогнете после лошиот ден. Само бидете сигурни и дајте ѝ до знаење дека сте тука за неа. Кога ќе се навикне на фактот дека вие секогаш сте тука да помогнете, таа ќе се потпре на вас и ќе може да ја искористи вашата сила за да го надмине лошиот ден. Вие ќе се чувствувате подобро знаејќи дека ѝ помагате, а таа ќе се чувствува подобро бидејќи ќе знае дека навистина се грижите за неа и ја разбирате.