4 начини да ја носите марамата како вистинска Парижанка

4 начини да ја носите марамата како вистинска Парижанка

За тоа дека деталите и најразличните аксесоари се потребни за една модна комбинација да изгледа одлично и доста добро стилизирано, воопшто не треба да се зборува, како ниту за тоа дека токму тие детали го прават вашиот стил интересен, впечатлив и нешто на кој секој ќе позавидува и ќе сака да украде нешто од него. Се знае кои се кралици на совршениот стил – Французинките кои се неприкосновени во стилизирањето и во одличните модни комбинации, а помеѓу нив логично е дека најдобри се Парижанките.

1-4-nachini-kako-da-ja-nosite-maramata-kako-vistinska-parizhanka-www.kafepauza.mk_

Тоа во што се совршени и за што немаат конкуренција, е носењето шалови, и сите видови марами, кои секогаш се „последниот збор“, „црешата на шлагот“ за парискиот шик за кој отсекогаш се зборувало во модниот свет, како нешто кое треба да биде пример над примерите. Затоа, денес ви покажуваме како тие ги носат, односно, како ја местат марамата околу својот врат, но немојте да заборавите уште нешто, Парижанките имаат став кој е пред стилот, а тоа е нивниот неодолив и најважен дел.

1. Земете поголема марама и превиткајте ја повеќепати за да добиете на волумен, додека истовремено да биде и тесна за лесно да се замота околу вратот. Откако ќе ја замотате, префрлете ги нејзините краеви преку рамената, и со едноставен јазол заврзете ја на средината од вратот, а краевите оставете ги да паѓаат слободно. Ќе добиете едно модифицирано чокер ланче, а освен тоа, и детаљ кој на одличен начин ќе го следи секој стил, од работен и елегантен, на кои ќе му дадете доза екстравагантност, па сѐ до лежерните модни комбинации на кои ќе им даде еден тренди изглед.

2-4-nachini-kako-da-ja-nosite-maramata-kako-vistinska-parizhanka-www.kafepauza.mk_

2. Кога станува збор за пократките марами, девојките обично ги префрлаат преку вратот и тоа е сѐ. Можеби тогаш е подобро да ја носите како аксесоар за чанта, бидејќи изгледа попривлечно. Парижанките сепак го прават тоа поразлично. Замотајте ја марамата околу вратот, заврзете ја зад него и оставете ги краевите да паѓаат слободно. Ќе имате ефект на ланче и еден интересен детаљ со кој ќе можете да ги надополните вашите модни комбинации.

3-4-nachini-kako-da-ja-nosite-maramata-kako-vistinska-parizhanka-www.kafepauza.mk_

3. Но, не секогаш мора да ја носите марамата околу вратот. Таа е одлична и како аксесоар, како на пример, кога ќе ја заврзете околу рачката на вашата чанта, но можете да ја носите и околу главата. Во секојдневниот, лежерен стил марамата на овој начин ќе изгледа ретро, но и тренди.

4-4-nachini-kako-da-ja-nosite-maramata-kako-vistinska-parizhanka-www.kafepauza.mk_

4. И за крај, еден сосема француски начин за носење марама. Завиткајте ја за да добиете малку волумен, но не и да биде збрчкана, туку убаво исправена. Потоа заврзете ја околу вратот така што јазолот ќе го наместите странично. Едниот крај нека оди преку рамената,а другиот напред, па токму ова ќе биде одличен детаљ кој на вашата комбинација ќе ѝ даде убав, париски шик.

5-4-nachini-kako-da-ja-nosite-maramata-kako-vistinska-parizhanka-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар