4 начини да го привлечете вниманието (и да го освоите срцето) на кул девојка

4 начини да го привлечете вниманието (и да го освоите срцето) на кул девојка

Девојките кои се познати како „кул“, постојано имаат покани за љубовни состаноци, но изгледа како ништо да не прават за да ги привлечат момците. Барем така изгледа на прв поглед. Но, кул девојките се оние личности кои знаат колку вредат и не бараат валидација од никој за да бидат вистинските тие. Исто така, ги следат своите цели и го живеат животот на начин кој ги прави среќни, па затоа и многу лесно ги привлекуваат момците околу нив. Па, како да го освоите срцето на оваа девојка?

4 начини да го привлечете вниманието (и да го освоите срцето) на кул девојка

1. Имајте на ум дека таа ќе има живот и надвор од вашата врска

Кул девојките се жени кои го држат својот живот под контрола и најчесто маршираат на свој сопствен ритам. Тие ниту зависат, ниту пак, бараат маж да ги направи целосни. Овие девојки едноставно сакаат некој кој ќе доведе дополнителна возбуда на нивниот веќе интересен живот. Токму затоа и мора целосно да се препуштите во оваа врска доколку сакате да го задржите нејзиното внимание.

2. Помирете се со фактот дека постојано ќе се обидуваат да го освојат нејзиното срце

Верувале или не, ќе имате огромна конкуренција за оваа врска. Многу момци постојано ја набљудуваат оваа девојка, чекајќи го совршениот момент за да ѝ пристапат. Овие девојки едноставно ги привлекуваат луѓето околу нив со самото свое присуство, не мора дури ни воопшто да прозборат. Мажите ја чувствуваат нивната самодоверба и мудрост, па веднаш знаат дека има нешто различно кај нив, поради што и сакаат да им се приближат. Едноставно верувајте ѝ на својата девојка, и заборавете на љубомората, доколку сакате да ја задржите крај себе.

3. Бидете алфа маж

Жените сакаат мажи кои се мажи. Не сите можат да бидат алфа, но овие девојки се привлечени од оние личности кои знаат како да го водат својот живот и не се плашат да бидат доминантни. Но, тие не бараат некој кој ќе ги контролира, туку маж кој едноставно ќе знае како да го преземе водството. Ова значи дека тие се „шефови“ на својот сопствен живот. Мислите дека ги поседувате овие карактеристики?

4. Бидете самоуверени

Да, вие можеби имате сомнежи, несигурности и маани, но кој нема? Но, не треба да се менувате за никој! Едноставно бидете оние кои навистина сте и погледнете што ќе се случи. Таа ќе ја доживее вашата самодоверба како секси и можеби ќе мора да се борите за да ја задржите облеката на вас, бидејќи на овој начин ќе ја повикате тигрицата во неа. Кул девојките никогаш не се преправаат за некому да му се допаднат, па затоа истото го бараат и од спротивниот пол.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар