4 начини да ги „преживеете“ божиќните празници со своето семејство

4 начини да ги „преживеете“ божиќните празници со своето семејство

Многумина од нас поминуваат повеќе време со своето семејство за време на празниците, отколку во кој било друг период од годината. Оние кои не сакаат многу да се дружат со своите роднини, може да се чувствуваат малку напнато и нервозно. Но, постојат неколку совети кои ќе ви помогнат да ги прославите и божиќните празници, без притоа да го промените своето расположение.

4 начини да ги „преживеете“ божиќните празници со своето семејство

1. Потсетете се дека не е сѐ до вас

За време на празниците, кога семејството е заедно, најчесто се потсетувате на минатото, на случките од детството, а нормално е вашите роднини да се однесуваат кон вас како кон дете, затоа што тоа е начинот на кој тие ве гледаат. Но, не дозволувајте ова да ве изнервира. Потсетете се дека начинот на кој комуницирате со вашето семејство не го дефинира вашиот карактер како возрасни.

2. Вежбајте да останете смирени

Кога некој член од вашето семејство ќе ви каже нешто што ќе ве вознемири, обидете се да останете смирени. Доколку не можете да го издржите разговорот кој се одвива, тогаш најдете слободен простор и избегајте некаде на тивко, за да ви помине лутината. Семејната вечера сигурно не е време кога треба да им кажете на членовите на вашето семејство дека она што ви го кажуваат ве повредува, па затоа, настојувајте да останете смирени, па оставете го сериозниот разговор за некој друг, погоден момент.

3. Бидете сами секогаш кога ќе можете

Доколку на вашата мајка не ѝ е потребна помош околу подготовката на вечерата, тогаш подобро е да бидете сами и да се состанете со семејството само кога тоа ќе биде неопходно. Ако сте дома за време на божиќните празници, направете и некои други планови, на страна од вашето семејство, како на пример договорете средба со некој пријател, или пак едноставно уживајте гледајќи божиќни филмови.

4. Испланирајте си претходно некои одговори

За време на семејните собири можете да очекувате прашања во врска со вашиот личен живот, љубовниот статус, коментари за вашиот физички изглед или прашања во врска со вашите планови и цели во животот. Затоа, подгответе си однапред некои одговори, каде што можете да додадете и малку лага, секако, ако тоа е во заедничка корист.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар