4 начини да ги поправите грешките на работа
Секој во текот на својата кариера прави помали или поголеми грешки. Најтешкиот дел од сето ова е да се признае грешката, а потоа да се одреди како ќе се постапува. Сепак, запаметете дека кога правите грешки на работа, не треба да реагирате веднаш. Земете здив и разгледајте ги можните опции. Потоа, следете ги овие 5 совети коишто ќе ви помогнат да се справите со моментите кога не ви делува како да има излез од проблемот.
1. Признајте ја грешката
Не противете се, признајте дека згрешивте и дека за ова ќе дознаат и другите. Нема цел да ја криете вашата грешка, особено ако влијае и на вашите колеги. Колку побргу ќе реагирате, толку побргу можете да го решите проблемот. Не избегнувајте ја ситуацијата, туку побарајте помош ако ви треба. Изгледа како подобра идеја дека вие самите потајно би можеле да ја исправите грешката, но постојат и шанси дека ќе пропуштите нешто. Бидете искрени, признајте ја грешката и извинете се. Останатите ќе ве почитуваат за вашето искрено однесување.
2. Бидете креативни
Откако сте ја признале грешката, не чекајте само вашиот шеф да ви каже како да го решите проблемот. Веднаш подгответе план и дејствувајте според тоа. Понудете го најдоброто решение и направете ситуацијата да не изгледа толку тешка. Покажете дека сте научиле од вашата грешка и дека веќе настојувате да ги поправите работите. Не значи дека ова ќе го спречи вашиот шеф да има бурна реакција, но притоа ќе го забележи вашиот карактер и вашата желба за поправање на работите. Со ваквото однесување, тој ќе има подобро мислење за вас.
3. Простете си себеси
Да повториме уште еднаш: Секој греши. Нема потреба да се казнувате премногу. Ако постојано размислувате за тоа што се случило, нема да имате време да научите од својата грешка. Значи, научете се да си простите себеси. Неуспехот којшто ви се случил во работата свртете го во своја корист и користете го за да се подобрите во иднина.
4. Покрај сѐ, продолжете напред
Иако направивте сѐ од горенаведеното, сепак сѐ уште ќе морате да работите за враќање на довербата. Започнете да работите на малите проекти коишто ви се доделени и посветете им се комплетно. Покажувајте успешни резултати во наредниот период. Малку по малку вашиот шеф ќе биде импресиониран од вас, при што ќе заборави што се случило претходниот период.
На крај, запаметете дека најважно од сѐ е како ќе се однесувате во дадената ситуација. Изберете чесност, интегритет и добра работа за да ја добиете довербата од вашите претпоставени. Запаметете дека вашите грешки ви помагаат да се усовршувате и да станете подобра личност.