4 митови за пилатесот во кои не треба да верувате

4 митови за пилатесот во кои не треба да верувате

Мора да признаете дека додека не сте се обиделе со оваа физичка активност сте мислеле дека јогата и пилатесот се многу слични. Со оглед на тоа што постојат големи заблуди во врска со пилатесот, време е да ги дознаете најголемите митови за оваа напорна физичка активност која воопшто не е за потценување.

4 митови за пилатесот во кои не треба да верувате

1. Пилатесот е само за жени

Не е вистина. Пилатесот го добил името по неговиот основач, Џозеф Пилатес. Многу од првите луѓе што ја практикувале оваа физичка активност биле мажи. Всушност, професионалните спортски тимови честопати вклучуваат пилатес во нивните секојдневни тренинзи за да ги подобрат балансот и стабилноста на спортистите.

2. Ќе мора да користите некоја од оние чудни направи

Точно е тоа дека некои видови пилатес вклучуваат одредени направи, но сите основни движења на пилатесот можат да се изведат без никаква опрема. Освен тоа, кога ќе се навикнете, ќе видите дека направите не се толку страшни колку што изгледаат.

3. Пилатесот е како јога

Па, не баш. Јогата подразбира серија последователни движења и пози, додека, пак, пилатесот се насочува кон различни мускулни групи за да ја зголеми флексибилноста, рамнотежата, контролата на мускулите и силата на стомачните мускули. Освен тоа, некои форми на пилатес вклучуваат посебна опрема за разлика од обичната простирка што е потребна за јога вежбите.

4. Мора да бидете флексибилни и во топ форма за да вежбате пилатес

Нормално дека треба да вежбате подолго време за да се навикнете на пилатесот. Колку повеќе вежбате, толку подобри ќе бидете. Пилатесот е одличен избор за постари луѓе кои не се толку посветени на вежбањето. Освен тоа, ја зголемува флексибилноста која треба да ја одржуваме како што старееме. Заклучокот е дека пилатесот е за сите. Ако сте загрижени за нивото, проверете дали во вашата населба има студио што нуди часови за почетници каде што ќе можете со леснотија да ги научите новите движења и вежби.

Заинтересирани сте да почнете со оваа физичка активност? Погледнете ги овие 10 минутни пилатес вежби за совршено тело.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар