4 мали ритуали за максимално да уживате во оваа есен!
Есента пристигна! За време на оваа сезонска промена, важно е да бидеме свесни за текот на времето – транзицијата од лето во есен може да ни помогне да се ослободиме од непотребното и да се чувствуваме благодарни за она што го имаме. Одвојте малку време во текот на следните неколку дена за да го прославите доаѓањето на есента преку овие мали ритуали.
1. Најдете време за размислување
Седнете и размислете за оние работи кои можеби ве кочат во моментот да ги исполните вашите цели. Запишете ги вашите мисли на лист хартија и бидете храбри да започнете со промените.
2. Пробајте нови рецепти
Наместо да жалите по летното овошје, нека изобилството од есенски намирници ви биде инспирација за да испробате нови рецепти!
3. Прошетајте во природа
Излезете надвор и набљудувајте ја природата околу вас. Вдишете го воздухот и препуштете им се на топлите есенски бои кои имаат смирувачко дејство.
4. Читајте наглас
Како што се менуваат годишните времиња и поминуваме се повеќе и повеќе време во затворени простории, добар начин да се опуштите е да посветите време на добра книга која ќе ја читате наглас. Читањето наглас може да ви помогне да ги подобрите концентрацијата и менталниот фокус.
Откако прочитавте за овие мали есенски ритуали, можеби ќе сакате да прочитате и кои 8 прашања треба да си ги поставите на почетокот на оваа есен.
Извор: sensa.mondo.rs